fbpx

Во изминатите три дена издадени потврди на 7.501 мигрант

-

Вчера, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.120 мигранти, од кои, според државјанството, 852 лица се од Сирија, 822 од Авганистан и 446 се со потекло од Ирак.

Како што информираат од МВР, од 1 јануари до 3 јануари, на полноќ, вакви документи, со кои на мигратите им се дозволува 72-часовен престој на територијата на земјава, им биле издадени на вкупно 7.501 лице.

Од нив, според податоците на МВР, 3.026 биле мажи, 1.601 жени, 2.847 биле деца што го придружуваат ностителот на потврдата, а 27 деца патувале без родител.

Вчера до Секторот за азил, според МВР, не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...