Берлин: Партиите повеќе не смеат да си играат со трпението на меѓународната заедница

-

Берлин е „екстремно загрижен за внатрешно-политичката состојба во Македонија“, порача денеска од Брисел германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, и потенцира дека земјава итно мора да ги исполни двата услови, односно создавање услови за демократски и слободни избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство.

– Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението на меѓународната заедница и на Европската Унија и мора да остварат конкретни резултати. Македонија повеќе не смее да се оддалечува од Европа, туку мора да се врати назад на патот на приближувањето кон ЕУ – изјави Рот.

На инсистирање на Германија, состојбата во Македонија е ставена на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Пред две недели, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер за свој специјален претставник за Македонија го именуваше Јоханес Хајндл, актуелен амбасадор на Германија во Виена, кој во два наврати ја посети земјава.

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...