fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Контраспин: Кирацовски како Крале Марко на Косово Поле

Пратеникот Александар Кирацовски мотивиран од застарувањето на делото против Николa Груевски „Траекторија“ и мотивиран (дури сега?) од бегството, што и двете за него биле „луксуз“ што не смее да се дозволи, ѝ соопштува на јавноста дека ќе предложи измени на закон со кој кривични дела направени од избрани и именувани функционери нема да застарувале. Според повеќе аргументи овој предлог...

Контраспин: Предизборното зголемување на пензиите, сепак, не ја зголемува дупката во Фондот

klupi penzioneri zheshko sonce toplo
Иако е фер да се каже дека и оваа влада на СДСМ „игра“ предизборно со пензионерите, разликата со ВМРО-ДПМНЕ е огромна, затоа што дупката во Фондот е стабилизирана, дури и намалена и тој остварува „ќар“ на сопствените приходи, а зголемувањето на пензиите нема да резултира и со зголемен одлив од Буџетот, пишува Теофил Блажевски во рубриката „Контраспин“ на „Вистиномер.мк“. Спин: ...

Партизаните го ослободиле Скопје од германската војска, кога Бугарија веќе била на страна на сојузниците

Сатирата е неопходна во секое цивилизирано и демократско општество, но преголемо симплифицирање може да доведе и до дезинформирање. Пример за пренос на неточен историски податок преку сатира е еден од најпопуларните твитови објавени во врска со вчерашниот Ден на ослободување на Скопје на 13 ноември 1944 година. Тој потекнува од профил кој претставува пародија на премиерот Зоран Заев. Today before 75...

Фејсбук се придружува на борбата против дезинформации со отстранување 3 мрежи на руски тролови кои ширеле медиумски манипулации во Африка

Натаниел Глеичер, шефот за сајбер-безбедносни политики на Фејсбук објави дека на 30 октомври отстраниле три мрежи составени од анонимни профили, страници и групи кои се занимавале со странско мешање во политички систем на други земји преку „координирано неавтентично однесување“ на Фејсбук и Инстаграм. Мрежите биле по потекло од Русија и цел на нивната дезинформациска активност биле Мадагаскар, Централната Африканска Република, Мозамбик,...

Медиумско-преведувачка конфузија: Мешање на Советот на Европа со Европскиот Совет

При известувањето за неодамнешните случувања поврзани со не/добивањето датум за почеток на преговори за приклучување на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, низа медиуми погрешно ги пренесоа имињата на клучните европски институции.  Анализата објавена од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - Критинк“ документира конфузна и погрешна употреба на имињата на институциите во вестите за средбата на Советот на министри на...

Економските миграции како погодна тема за медиумски манипулации

Една од темите која е чест предмет на медиумски манипулации на Балканот, а особено во Северна Македонија е степенот на иселување кон земјите на Европска Унија. Проверките на факти на „КриТинк“ откриваат низа примери за тоа како непрофесионалното известување за оваа тема се користи за создавање лажна и претерано негативна слика, чија последица е слабеење на довербата во институциите. На...

„Македонизмот“ на Мицкоски е спротивно на „Македонија, пристојно место за живеење“

Македонскиот идентитет никој не го укинал за Мицкоски да го враќа, а македонизмот како систем на вредности е сосема спротивно од разбирањето на Македонија како „пристојно место за живеење“, пишува Теофил Блажевски во рубриката “Контраспин“ на „Вистиномер.мк“. Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи на средба со граѓани во Крушево, го изрече следниот спин: Зборувам секаде ајде доста...

Медиумски манипулации во врска со односот на функционерите и институциите на ЕУ кон Заев и РСМ

Во деновите пред историскиот самит на Европската Унија во Брисел македонската јавност беше бомбардирана со медиумски манипулации чија цел беше премиерот Зоран Заев да се покаже во негативно или позитивно светло преку наводни постапки на функционери и институции на ЕУ поврзани со него. Анализа на „Критинк“ укажува дека исечен дел од видео од средбата на шефицата на европската дипломатијата, Федерика...

Ангел Петров: Брзото темпо и од најдобрите медиуми прави преносители на дезинформации

Ангел Петров е уредник во бугарскиот новински сајт „Дневник“ и магистер по политикологија. Во новинарството е веќе 11 години; првин работел во бугарската национална кабелска телевизија „Евроком“ а потоа бил и главен уредник на „Novinite.com“, новински сајт на англиски јазик за вести од Бугарија и регионот. Петров за себе вели дека и професионално, но и како приватен интерес будно ги...

„Неос космос“ („Нов свет“), ама со стари навреди и шовинизам

Австралискиот весник „Неос космос“ кој е наменет за Грците во Австралија, известувајќи за протестно писмо на македонските асоцијации од Австралија против фестивал организиран од Грците, со квалификациите и во насловот и делумно во текстот посеа многу шовинизам и навреди. Од терминот „групи скопјани“ (Skopjian groups) преку тоа дека „влегуваат во судир“ до терминот „Грчките Македонци“ насловот изобилува со невистини што...

Албанскиот портал „БалканВеб“ објави две години старо интервју на Ахмети како актуелно

Албанскиот портал „БалканВеб“  неодамна објави текст со кратко видео од интервју на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дадено на ТВ 21, но без да објасни дека станува збор за старо интервју направено пред две години (декември 2017). Имено, во написот  е пренесен пост на вицепремиерот Бујар Османи, кој по лидерската средба кај шефот на државата Стево Пендаровски, на Фејсбук објави дел од стара емисија на „Клик...

„Етнос“ на ВМРО-ДПМНЕ му импутираше неискажани намери

Во текст објавен на веб-страницата на грчкиот весник „Етнос“, под насловот „Шесте ,пораки' на Атина за Скопје по ,не'-то на Европјаните“, на читателите им е пласирана невистинита информација за тоа какви се намерите на врвот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што би правеле со Преспанскиот договор ако партијата дојде на власт. Во текстот се тврди дека највисоките партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ...

Интервјуто на Иванка Василевска за српскиот портал натежнува од невистини и спинови

Иванка Василевска, членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и професорка на Правниот факултет во Скопје, деновиве го привлече вниманието со своето интервју за српскиот портал „Стање ствари“, со кое испровоцира остри реакции во јавноста. Во ова обемно интервју, кое натежнува од манипулации, спинови и невистини, Василевска говори за повеќе теми, меѓу кои, за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, за...

Бугарски ТВ водител помеша баби и жаби и направи „македонска салата“

Во текст објавен на веб-страницата на бугарскиот весник „24 Часа“, Росен Петров, поранешен пратеник, сценарист, а сегашен водител на емисија за историјата на бугарската онлајн-телевизија „Bulgaria On Air“, искажа невистина во поглед на болната тема меѓу Бугарија и Македонија - историјата. Во колумната насловена „Макрон и Македонците - бугарска работа“, пишувајќи во хумористичен тон на темата реакциите по одбивањето на...

ЕУ е како стоногалка: Францускиот амбасадор во Скопје се испоти правдајќи го Макрон

На прес конференција што траеше саат и пол, францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, во четвртокот во Скопје седна на „жешкото столче„ пред новинарите. Амбасадорот се обиде да ги објасни мотивите на Франција за изјаснување против почетокот на преговори на Северна Македонија со Европската Унија во Самитот на ЕУ на 18ти октомври. Одлуката беше примена со големо разочарување од граѓаните...

Антиваксерите од Балканот се повикуваат на поддршката од Руската Православна Црква

Пропагандата против вакцинирањето наменета за корисници  на интернет од Балканот меѓу другото функционира и преку злоупотреба на религиозните чувства, пишува „КриТинк“ во анализата „Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?“. Патријархална комисија за семејството, која е директно одговорна пред пред г.г. Кирил, поглаварот на Руската православна црква (РПЦ) во април 2019 г. објавила посебен проглас под...

Француското „не“ ги стопи надежите на македонските граѓани

Француското категорично „НЕ“за проширувањето на ЕУ и недавањето датум за почеток на преговорите за Македонија и Албанија на Самитот на Европската Унија, ја одбележа оваа долга недела на неизвесност. Франција остана докрај доследна на ставот „Прво продлабочување на реформите во Унијата, а потоа проширување“, па и покрај тоа што мнозинството земји-членки го поддржаа отворањето пристапни преговори, нашата држава и...

Твитер-фалсификат за сеење омраза и уривање личен углед

Веб-страницата „Сигнал“ со објавувањето на материјалот ставен под наслов „Борјан Јовановски до Макрон: Француски гнаси цигански цркнете! (ФОТО)“, пласираше фалсификат и создаде груба дезинформација, оценува „КриТинк“. Станува збор за наслов, една портрет-фотографија, еден наводен скриншот со две реченици со напад и лажно тврдење – и толку. Но, во овие елементи се вградени фалсификат и говор на омраза, а проблемот со...

За Каракачанов бугарските војници биле ослободители, а не окупатори

Красимир Каракачанов, ноторен негатор на македонскиот национален идентитет, претседател на бугарската партија ВМРО-БНД и бугарски вицепремиер и министер за одбраната, вчера во изјава за медиумите во Владата на Бугарија, порача дека Македонија греши со прославувањата на 11 Октомври, Ден на народното востание, и наместо тоа требало да се празнува 20 април 1941 година, кога, како што вели „целиот народ...

Дамира Грегорет: Во Хрватска немаме голем проблем со дезинформациите, туку со искривувањето на фактите

Новинарката на РТЛ Хрватска, Дамира Грегорет, чија специјалност е политиката, работи како известувач, водител на вести и политички емисии. Не така одамна доби и извинување од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој наместо да ѝ одговори на прашањето што не му се допадна, само констатираше „Слатка си, Дамира“. Потоа следеше јавно извинување до Грегорет. Со неа разговаравме за медиумската ситуација...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...