Економските миграции како погодна тема за медиумски манипулации

-

Една од темите која е чест предмет на медиумски манипулации на Балканот, а особено во Северна Македонија е степенот на иселување кон земјите на Европска Унија. Проверките на факти на „КриТинк“ откриваат низа примери за тоа како непрофесионалното известување за оваа тема се користи за создавање лажна и претерано негативна слика, чија последица е слабеење на довербата во институциите.

На пример, рецензијата на септемврискиот напис „Егзодyc во Македонија: 1.000 луѓе си заминаа од Делчево во еден ден (ВИДЕО)“ посочува дека „читајќи го насловот, а потоа и целиот текст, читателот добива впечаток дека секојдневно се иселуваат по 1.000 луѓе од Делчево, малиот град во Источна Македонија.“ Доколку тоа е точно, сите жители би требало да го имаат напуштено во рок од две недели.

„КриТинк“ ги споредува податоците од  Државниот завод за статистика, според кои бројот на жителите на Делчево во 2018 година бил 15.987 што е за 1.500 жители помалку отколку во 2002 година. Посочувајќи дека за поголема драматичност на целиот текст се додаваат тешки зборови како „егзодус“, „траорно“, „гнев“.

Слична појава е посочена и со рецензијата на написот „Секој отселен млад човек ја чини државата 15.848 евра годишно“ објавен на 11 ноември.

Написот изнесува прецизни бројки без да го наведе изворот, кој во случајот е истражување е направено од Вестминстер Фондација за демократија. Тоа е искористено во низа текстови кои се навидум 90%-ни копии на новинарскиот извештај од јавен настан на Мрежата за спречување одлив на мозоци, кој нема врска со истражувањето. Првичната информација е објавена од државната новинска агенција МИА, а потоа над десетина други медиуми целосно ја презеле без никакви понатамошни дополнувања и проверка на информациите.

Во текстовите е нафрлен, без објаснувања и појаснувања, и податокот од Светска банка дека четвртина од населението во земјава, односно 500 илјади луѓе, ја имаат напуштено државата, без да се посочи дека таа проценка не е потврдена со локални мерења бројка на иселени. Ниту е спомнат фактот дека бројката се однесува на последните 15 години. Но тоа не ги спречи дел медиуми, како и политичките партии, да манипулираат со бројката и да ја искористат за добивање политички поени.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...