fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Бугарија „по балкански“ извади црвен картон за евроинтеграциите на Северна Македонија

Изминативе седум дена во поглед на надворешната политика, беа меѓу „најжешките“ седмици што Македонија ги имала од осамостојувањето досега. Во исчекување на тоа што ЕУ ќе го реши следната седмица за доделување датум за почеток на преговорите за приклучување кон европското семејство, во балканското ЕУ соседство помина вистинско торнадо, на само една недела пред Европскиот совет да донесе конечна...

ЕП: Руската пропаганда во ЕУ од јануари досега двојно поголема отколку во 2018

Странското мешање во изборите се заканува на демократските општества во Европа, а ги потпомага анти ЕУ силите, десничарските екстремисти и популистите. Русија, која е најголем извор на дезинформации, годинава двојно ги удвоила своите напори, па од почетокот на годинава досега се забележани 998 случаи на дезинформации поврзани со Русија, наспроти вкупно 434 случаи во 2018 година, предупреди денеска Европскиот...

Македонски интелектуалци ниту на сон не би побарале Софија да му поставува услови на Скопје

„Македонски учени настояват София да постави условия на Скопие преди подкрепата за ЕС“ (Македонски интелектуалци настојуваат Софија да постави услови на Скопје пред поддршката за ЕУ) беше насловот со кој во вторникот вечерта бугарскиот новински сајт „actualno.com“ го пласираше текстот за една од вестите на денот во Бугарија - дека „Македонскиот научен институт“ од Софија изнел осум задолжителни услови...

Остри критики за мерките на албанската влада против дезинформациите

По безмалку 11 месеци жестоки критики од новинарите, здруженијата и меѓународните организации, спорните закони кои, според опонентите, негативно ќе повлијаат на работата на новинарите и на слободата на говорот во Албанија, во текот на месецов се очекува да се најдат на гласање во парламентот. Случајот започна во декември 2018 година, кога премиерот на Албанија Еди Рама најави мерки против дезинформирањето....

„Единствена Македонија“ „по советски“ ги сече неподобните од фотографиите

Случајот со атрактивната руска пратеничка и радио и ТВ водителка Инга Јумашева, која во четвртокот била задржана на њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“, каде допатувала за учество на американско-руски форум, изнуди реакција и од македонската партија „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, која ја нарекува руската пратеничка „голема пријателка на Македонија“. Реакцијата на Фејсбук-страницата на „Единствена Македонија“ е илустрирана со три фотографии,...

Роберт Ботери: Во Словенија се поткупуваат медиуми за дискредитација на политичари и бизнисмени

Роберт Ботери, креативен директор на списанието „Младина“ од Словенија е со децении во култниот весник, кој во некогашна Југославија беше предводник на авангардата, често со контроверзни содржини. Во април годинава дојде и до дипломатски инцидент, кога „Младина“ на насловната страна објави карикатура со унгарскиот премир Виктор Орбан со рака крената во нацистичкиот поздрав, а околу него се неколку ситни...

Манипулативни вести за бугарско вето шират тензии во регионот пред самитот на ЕУ

Наспроти недостатокот на официјално соопштение за евентуално бугарско вето кое би ја спречило Република Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија, одредени медиуми шират алармантни и непотврдени наводи. „На Северна Македонија ѝ се случува неочекуваното, еве која земја кажа не за преговорите“, се вели во насловот на веста објавена од порталот „Без цензура“ (Pa censurë), која што...

Сѐ уште не се знае дали ЕУ ќе ги раздвои интеграциите за Македонија и Албанија

Во текст објавен во неделата (06.10.2019 година) српскиот сајт „Вести Онлајн“ преку насловот „ЕУ ги раздвојува Македонија и Албанија“ („EU razdvaja Makedoniju i Albaniju“) на јавноста ѝ пренесе погрешна информација. Со ваквиот избор на насловот се добива впечаток дека процесот за интеграција на Македонија и Албанија во Европската Унија  е веќе одвоен, како да е тоа завршена работа. Што,...

Дезинформациите се стари колку и човештвото, медиумите денес се преслаби да ги совладаат

Дезинформациите не се ништо друго освен лага, стара колку и човештвото. Само што во овие нови времиња тие лаги во вид на лажни вести се пласирани од одреден центар на моќ и со (зло)употреба на медиумите, се прави обид некому да му се наштети или да ја заведе јавноста во своја корист. Медиумите се претворија во платформа за пласман...

„Вечерњи“ (дез)информира, а читателите го поправаат за животот во Македонија

На сајтот на хрватскиот медиум „Вечерњи лист“ пред два дена се појави репортажа за Македонија, во која може да се најдат и сомнителни и непоткрепени информации кои водат кон дезинформирање на читателската публика.  Иако целата репортажа е правена да изгледа избалансирано, убедливо и живо, преку пренесување епизодни случки и епизодни разговори со случајно одбрани лица (на пример таксист, па некој соговорник во Битола кој тврди дека има...

Можната блокада од Софија за Скопје за во ЕУ отстранета – заканите остануваат

Можноста од блокада за добивањето датум за преговори на Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија, што ја одбележа неделата, е отстранета, но заканите од Софија за целиот процес на интеграција на земјата остануваат.  Ова е епилогот на една краткотрајна тензична ситуација која се создаде, се чини, со ништо предизвикана, а која е врзана со работата на комисиите на...

Д-р Румена Филипова: Олигарсите во Бугарија се главни медиумски контролори и дезинформатори

Д-р Румена Филипова има докторат по меѓународни односи на универзитетот Оксфорд, каде и магистрирала, а факултетската диплома ја стекнала на универзитетот Кембриџ. Предавала на Оксфорд, а била гостин-експерт и на центарот Карнеги Москва, Полскиот Институт за меѓународни прашања, Чатам Хаус и голем број други меѓународни институти и тинк-тенкови. Сега е истражувач во бугарскиот „Центар за проучување на демократијата“, кој е...

За „Б 92“ и „Косово онлјан“ Хазби Лика и натаму е потпретседател на Владата

Еден од најпознатите српки информативни веб сајтови „Б 92“ во саботата на 28.09.2019 година објави информација од предизборната кампања на Косово, при што Хазби Лика е претставен како потпретседател на Владата на Зоран Заев. Информацијата на „Б 92“ е пренесена во целост од веб сајтот „Косово Онлајн“ и се однесува на предизборни собири во Качаник и Урошевац на Демократската партија...

Непрофесионалното известување ја јакне антиваксерската пропаганда

Низа медиуми од Северна Македонија недоволно професионално известуваа за конференцијата на противниците на вакцинирањето одржана во Скопје на 21 септември, пишува „КриТинк.мк“ во  анализата „Антиваксерите одново во офанзива – медиумите со селектирани информации“. Анализата посочува дека голем број медиуми го пренеле само соопштението од организаторите на настанот, кое содржи низа дезинформации поврзани со вакцинирањето без да ја обезбедат целосната слика,...

За Гоце Делчев тој самиот и историјата зборуваат подобро од бугарските историчари

Во гостување во утринската програма на бугарската телевизија бТВ на 24 септември годинава, професорот Кирил Топалов, член од бугарската страна на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која се состои од експерти од Бугарија и Македонија, зборуваше за работата на Комисијата и за средбата со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Притоа Топалов ги повтори речиси идентично сите...

Јанева не била во Јасен, туку цело време е во Шутка, вели Рахиќ

Информациите објавени на социјалните мрежи и во дел од медиумите дека доскорешната јавна обвинителка Катица Јанева не е во Истражниот затвор во Шуто Оризари, туку во резерватот „Јасен“ се невистинити. Исто така, не е вистина дека Јанева е на фотографијата која се појави социјалните мрежи и за која се тврди дека „наводно“ е Јанева сликана во затворот во Шутка. Директорот...

Српски „Информер“ ја утна прогнозата за распитот на Боки 13

Најавувајќи го распитот на првоосомничениот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, кој на 23.09.2019  беше изведен пред обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, српскиот портал „Информер“ ја дезинформираше јавноста. Имено, уште рано утрото во 08,28 часот , некоклку часа пред закажаниот распит на Јовановски, споменатиот портал објави текст со наслов во кој прејудицира дека Боки...

Како „Курир“, „БХДИјаспора“ и Русинот Черниговски го излекуваа ракот со постење од вистината

Со само една статија објавена завчера на еден сајт од Северна Македонија, беа прекршени неколку правила на новинарската професија, но истовремено и се потврди дека во дигиталното доба е многу лесно да се прошират дезинформации, иако во исто време на располагање се сите алатки за да се провери дали нешто што се објавува е вистина или само нечија „објава“....

Спасов: Да се инвестира во развој на организациите кои вршат проверка на факти, како Фондацијата „Метаморфозис“

Потребно е да се инвестира во развој на организациите како Фондацијата „Метаморфозис“ кои во своите медиумски проекти ќе вршат проверка на факти и ќе ги соочуваат новинарските организации и новинарите со потребата од почитување на новинарските кодекси и новинарската етика и ќе ја подигаат медиумската култура на граѓаните за препознавање на кампањите за дезинформација, вели професорот Ѓорѓи Спасов во...

Српски „Ало“ со насловот и илустрациите ја упропасти веста за распитот на Јанева и Боки 13

Српскиот портал „Ало“ објави текст со  проблематичен наслов: „ Сменета специјалната обвинителка Боки 13 со лисици! Аферата „Рекет“ доби неочекуван епилог! Македонија се тресе! (ВИДЕО)  - SMENJENA SPECIJALNA TUŽITELJKA Boki 13 u lisicama! Afera "Reket" dobila neočekivani epilog! Trese se Makedonija! (VIDEO) Фактички, содржинскиот дел на написот е сосема коректен,  но тој е врамен со погрешна,  збунувачка и манипулативна насловна конструкција....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...