fbpx

„Неос космос“ („Нов свет“), ама со стари навреди и шовинизам

-

Австралискиот весник „Неос космос“ кој е наменет за Грците во Австралија, известувајќи за протестно писмо на македонските асоцијации од Австралија против фестивал организиран од Грците, со квалификациите и во насловот и делумно во текстот посеа многу шовинизам и навреди.

Од терминот „групи скопјани“ (Skopjian groups) преку тоа дека „влегуваат во судир“ до терминот „Грчките Македонци“ насловот изобилува со невистини што се навредливи.
Всушност, станува збор за наслов за статија којашто информира дека неколку асоцијации на етничките Македонци остро реагирале на најавената програма за „Димитриа, 35-ти фестивал на збратимените градови“ кој почнал во саботата во Мелбурн а треба да заврши со голема прослава на 24 ноември. Фестивалот инаку го организира грчкото здружение „Вајт Тауер“ како форма на поврзување на Солун и Мелбурн.

Како што пишува „Неос космос“, „Славјанските групи познати како“, набројувајќи ги потоа Светскиот македонски конгрес на Австралија, Советот на македонската заедница на Мелбурн и Викторија и Светскиот егејски македонски конгрес испратил писмо до весникот во кој фестивалот го осудиле и го оквалификувале „дрзок чин на културен геноцид“, односно како „обид да се излаже австралиската јавност за чиновите на етничко чистење и геноцидно превземање територии од страна на грчката влада“, како и за вклучувањето во фестивалот на „грчки препеви на славјански народни песни“ и за узурпирање на македонските обичаи, музика, носии“.

Но, настрана од ставовите и судирот на етничките Македонци, „Неос Космос“ со квалификативот „Скопјани“, инаку користен неброени пати од Грција и Грците во минатото и сега во навредлива конотација, освен што навредува, пласира и невистина – Австралијците и други жители на континентот со пасоши од други земји што имаат етничка македонска самосвест во поголемиот дел се потомци на дојденци од Егејскиот дел, а од оние другите, огромен дел се Пелагонискиот регион и Мариово, но и од други места во сегашна Република Северна Македонија. Што значи – најмалку има скопјани.

Дополнително, „Неос Космос“ при крајот на статијата споменува и некакви „Грчки групи во Мелбурн што ги претставуваа интересите на Македонија“?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.