fbpx

Твитер-фалсификат за сеење омраза и уривање личен углед

-

Веб-страницата „Сигнал“ со објавувањето на материјалот ставен под наслов „Борјан Јовановски до Макрон: Француски гнаси цигански цркнете! (ФОТО)“, пласираше фалсификат и создаде груба дезинформација, оценува „КриТинк“.
Станува збор за наслов, една портрет-фотографија, еден наводен скриншот со две реченици со напад и лажно тврдење – и толку. Но, во овие елементи се вградени фалсификат и говор на омраза, а проблемот со објавата е во тоа што воопшто не е направен елементарен обид да се провери вистинитоста на тврдењето, односно со објавувањето на фалсификатот е пласирана крајно груба дезинформација. Вториот проблем е што со преобјавувањето на фалсификуваниот материјал дополнително се шири говор на омраза, пишува „КриТинк“.

Но, Борјан Јовановски утредента по објавувањето на материјалот на „Фејсбук“ и на веб-страницата, на својот твитер-профил порача дека станува збор за груб фалсификат и ширење говор на омраза против Ромите и против Франција:

Да имаше стварно стратегија и план за борба против лажни вести, уште денес ќе најдеа кој е ВО фејСбук „Мисија“, кој фалсификува и шири говор на омраза против Ромите и Франција – напиша тој.

Во телефонски разговор за „Критинк“, Борјан Јовановски рече дека станува збор за фалсификат на негов оригинален твит напишан на француски, со порака до француската дипломатија дa се замисли за своето однесување.

Borjan Jovanovski@BorjanJovanovsk

La diplomatie française doit prendre conscience des erreurs commises pendant le temps de la crise en ex-Yougoslavie lors de la prise de décision sur des questions sensibles dans les Balkans

„Француската дипломатија мора да стане свесна за грешките направени во времето на кризата во поранешна Југославија, кога се донесуваа одлуки за чувствителните прашања на Балканот“, гласи твитот во превод на македонски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...