fbpx

Пендаровски: Сега не е време за разочарување, туку за обединување и сериозни реформи

-

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на нацијата порача дека сега не е време за разочарување и за ситни политички поени поради тоа што земјава не доби датум за преговори, туку е време за обединување за постигнување на целите. Тој порача дека ги повикал лидерите на најголемите политички партии од власта и опозицијата на лидерска средба и дека сите прифатиле. Лидерската средба ќе се одржи в недела, соопшти Пендаровски

– За жал заклучоците на Европскиот совет не се во согласност со наши оправдани очекувања и не се во согласност со најави на Унијата. Кај сите постои разочараност, но емоцииите на страна – да се соочиме со реалноста – рече Пендаровски.

Шефот на државата порача и дека одлуката што е донесена е израз на суверена политичка одлука на, како што рече „некои земји“. Сепак, рече тој, евроатлантската интеграција е главна стратегија на Северна Македонија и затоа сите мора да работат на тоа поле.

– Ги исполнивме сите услови, констатирано во јуни, кога беше кажано дека поради други причини одлуката ќе мора да се донесе во октомври. Сите информации што ги имамвме пред и по самитот зборуваа за концеписки забелешки меѓу водечките членови.

Мојот став од почетокот беше и останува дека предлозите за надградување на методологијата се добредојдени, затоа што заедничка цел е да се осигураат позитивните промени што треба да се случат во текот на процесот.Меѓутоа, во позадината на сите преговори можеа да се слушнат и размислувања за градење на некаков посебен однос на Европската унија со државите од нашиот регион, различен од патот низ кој што поминаа сите некогашни кандидати за членство.

Почитувани, тие дилеми допираат до самата суштина на европската идеја, а, таа е дека сите држави на континентот, со исполнување на критериумите имаат право на полноправно членство во унијата.

Идејата за обединета Европа е право на сите Европејци и тоа никој не може да им го одземе. Ние сме европска држава и имаме право да бидеме дел од заедничкиот европски дом. Нашата држава има многу искрени пријатели во Европа, ние во Европа немаме непријатели, има само држави што имаат свои специфични интереси што ги штитат, и во тоа нема нито спорно. Сведоци сме дека огромен број земји се борат за нас, и во тоа се уверивме. Убеден сум дека сите ќе продолжат да нè поддржуваат – рече Пендаровски.

Тој повика на беспоштедни напори за трансформација на државата и за постигнување еднаквост на сите национални заедници, но и за беспоговорно спроведување на договорите со Грција и Бугарија

– Сега ние треба да ја потврдиме нашата ориентација, која нема издржлива алтернатива. Ако го сакаме доброто, единствениот исправен пристап со новите околности е да бидеме уште поистрајни во трансформација на земјата. Да го примениме системот на вредности. Реформите во многу области а особено од аспект на правната држава мора да продолжат без калкулации. Европските стандарди да станат домашни стандарди. Инаку, не ни се потребни само формални реформи.
Независнот од одлуката, дооворите со Грција и Бугарија мора да ги спроведуваме, тие се темел на добри односи и регионална стабилност. Неопходни се и внатрешни реформи за еднаквост на сите национални заедници. Најмалку што е потребно е нашето незадоволство да го насочуваме кон некои членки на ЕУ. Ги повикав раководствата на најдолемите партии да ги остават своите партиски интереси и да реафирмираме нашите заложби, рече Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...