fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Регионот против дезинформациите: Фотомонтажи = фотографии + лаги

Босанскиот сервис за проверка на фактите и разоткривање на дезинформациите „Раскринкавање“ во еден од најновите текстови кратко и елегантно раскринка една фотомонтажа која беше користена како основа за лажна вест. Фотографијата се појавила на една Фејсбук-страница а на неа се гледаат ликовите на српскиот претседател Александар Вучиќ наводно во болнички кревет, а до него, во преден план и главата...

Од велешаните се фасцинирав, Македонците се поевтини за моите сајтови, вели екс-директор на „Фокс“ и новопечен „велешки бизнисмен“

Од „велешаните“ се фасцинирав - Македонците ми се поевтини да ги ангажирам за моите веб-сајтови, а всушност не правам ништо лошо, вели за „Њујорк тајмс“ Кен Ла Корт, поранешен директор во американската телевизиска мрежа „Фокс“, кој сега има некои веб-сајтови со, како што тој го нарекува тоа „хиперполитика“ и на кои му работат млади луѓе од Македонија оти „се...

Граѓанските организации во Албанија остро протестираат против „Пакетот против клевета“

Десетина граѓански организации, институти, центри и медиуми од Албанија денеска ја повикаа албанската влада да ги повлече двата предлог-закони доставени во парламентот популарно наречени „Пакет против клевета“. Доколку владата не ги повлече законите, парламентот да не ги усвојува законите, побараа иницијаторите, пренесува Faktoje.al. „Важноста на слободата на изразување во едно демократско општество се рефлектира во широко распространетата заштита што му...

Контраспин: Русковска нема право на разочараност, Апелација да се преиспита што му фали на судството

Русковска, ниту кој било друг обвинител нема право да биде во афектна состојба на разочараност. Од друга страна, тврдењето на апелациските судии дека токму таквата смс порака на Рускоска е таа што ја спречува земјата на патот кон ЕУ, е сè, само не е вистина. Судиите нека се преиспитаат зошто и јавноста и голем дел од политиката се залага...

Јанева навистина разговарала со Халачи?

Од статус проследен со фотографија на корисничкиот профил на „Фејсбук“ на Шек Халачи, авторот на статијата „Еве што му рече Јанева на скајп на Шек Халачи“ авторот на статијата извлекол ваква констатација: Шек Халачи, затвореник од групата од Куманово, комуницираше со Катица Јанева на „Скајп“, која исто така е во затвор – пишува во текстот. Подолу е целосниот текст на Шек Халачи,...

Објавената фотографија од Јанева од терасата во домот е тежок напад врз приватноста

Денеска повеќе медиуми објавија фотографија од поранешната јавна обвинителка Катица Јанева, од терасата на нејзиниот дом, откако таа беше пуштена во домашен притвор. Објавувањето на фотографијата не е од јавен интерес и претставува тежок напад врз приватноста. Фотографирањето на Катица Јанева, од како што се вели во текстот, „своите соседи и споделување на социјалните мрежи“ е казниво според Кривичниот законик на РМ, како кривично...

Регионот против дезинформациите: Пак за војските, паравојските и НАТО

Албанскиот сервис за проверка на фактите „Фактоје“ во својата најнова анализа ја проверува вистинитоста изјавата на министерката за одбрана Олта Џачка дека 14 отсто од албанските војници во мисии во странство се жени. Истрагата на Фактоје, која вклучувала анализа на официјални документи добиени од Министерството за одбрана, утврдила дека Џачка кажала невистина, односно дека процентот на жени во мировни...

Контраспин: Што ако Мицкоски бил германски стипендист – и Орбан бил стипендист на Сорос, па го избрка од Унгарија

На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, која се случи во рамките на Конгресот на Европската народната партија (ЕПП) во Загреб, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето на Борисов за ставот во однос на евроатланските интеграции, ја даде следната изјава „Вистиономер.мк“ ја оцени како спин: Тука не треба да има дилеми. Јас сум човек кој бил стипендист на...

Судско шоу: „Специјалната“ Јанева се сокри од јавноста, а јавната Рускоска “им ги тресе гаќите на судиите“

Апелацискиот суд, во вторникот донесе одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“,” од притвор да биде пратена во домашен притвор, каде ќе го почека судењето кое треба да започне на 3 декември. Јанева, која до вчера ја водеше институцијата со највисок углед и со најголема довверба кај граѓаните - СЈО, во вторникот навечер, беше придружена...

Контраспин: Судот има преведувачи, но преводот на списите за „ТНТ“ може да ги застари кривичните дела

Адвокатот Даути дури и формално да е во право, де факто спинува, затоа што неговото право на употреба на албанскиот јазик во постапаката за ТНТ ќе доведе до прекршување на судење во разумен рок, облигација од ЗКП која судот мора да ја спроведе. За да ја спроведе, судот мора ги спречи злоупотребите на правата на странките во постапката. Злоупотребата,...

Регионот против дезинформациите: Внимавајте на лажни наградни игри

Хрватскиот сервис за проверка на фактите „Фактограф“ во една од своите најнови статии се осврнува на проблемот со лажна наградна игра на синџирот супермаркети „Конзум“ во Хрватска. Со понуда за бонови за пазарување во супермаркетите се намамуваат фанови на Фејсбук страници и се прибираат нивни лични податоци, иако „Конзум“ на официјалната Фејсбук-страница објавил предупредување дека станува збор за измама...

Регионот против дезинформациите: НАТО не е непријател

Босанско-херцеговскиот сервис за проверка на факти и борба против дезинформациите и лажните вести „Раскринкавање“ во својот најнов текст пишува за дезинформации проширени во повеќе медиуми, а кои произлегле од „Независне новине“ за наводни присилувања на секс, кражби, продажба на дрога во Прифатниот центар за мигранти и бегалци во Бихаќ, БиХ. Новинарот од „Раскринкавање“ се обидел да ги провери наводите изнесени...

Контраспин: Македонија и Албанија извисија за датум за преговори, а не за членство во ЕУ

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, во интервју за „Фајненшл тајмс“ сакајќи да ја пофали одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон за одложување на проширувањето  на Унијата со земјите од Западен Балкан, ја даде и следната изјава со која фактички ја спинува вистината за француското вето и македонската европска амбиција, пишува Оливера Војновска во рубриката „Контраспин“ во „Вистиномер.мк“. Спин: И се...

Биљана Ливанчиќ – Милиќ: Во БиХ успех постигнуваат ловците на кликови и политичките дезинформации

Биљана Ливанчиќ - Милиќ е во новинарството од 2004 година, а од март минатата година работи за raskrinkavanje.ba, една од најактивните балкански платформи за проверка на факти и разоткривање на медиумските манипулации. При нејзината посета на Скопје минатата седмица, разговаравме за најчестите проблеми во Босна и Херцеговина (БиХ) на планот на лажните вести. За Северна Македонија Ливанчиќ - Милиќ...

Плевнелиев: Русија е присутна како „агресор“ не само во Бугарија, туку и во регионот

Сегашниот модел на спроведување санкции против Русија не е најсоодветниот. Санкциите не функционираат како што треба, но не затоа што не функционираат воопшто, туку затоа што ние сме кусогледи за начините и мерките на нивно спроведување. САД решија да наметнат санкции на Русија за сè, и за Сирија, и за Украина, и за мешањето во изборите во Европа и...

Дезинформации за Шведска се користат како мамка за корисници на Фејсбук од Македонија

Корисниците на Фејсбук од Република Северна Македонија се целна група на огласи со кои се наведуваат да посетуваат страници на интернет преку кои може да бидат ограбени. Овој вид огласи навидум нудат информации за некакви проблеми и немири во Шведска, а при кликањето на линкот се врши пренасочување до сајтови за крипто-валути на кои е инсталиран злонамерен софтвер пишува...

Контраспин: Од 2008 година единствен услов за НАТО беше договор со Грција за името

Со неверојатна леснотија многу често се скокаат фактите во политичката борба за освојување на власта, па така, деновиве бевме сведоци дека за Христијан Мицкоски договорот со Грција за промена на името не бил услов за влез во НАТО, пишува Теофил Блажевски, во рубриката „Контраспин“ во „Вистиномер.мк“. Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле го изрече следниот спин: Спин: Го обезбедија членството...

Црногорски историчар ги разобличува дезинформациите поврзани со традиционалната соработка меѓу југословенските републики и НАТО

По повод 70-годишнината од основањето на НАТО, Центарот за демократска  транзиција од Подгорица објави фељтон на историчарот Бобан Батриќевиќ на тема „Просторот на Црна Гора и НАТО (1949-2019), како дел од проектот „НАТО инфо центар – борба против дезинформации и пропаганда“. Во фељтонот, објавен во два дела, се наведени фактите кои покажуваат дека НАТО и сите бивши југословенски републики...

Шахини-Хоџај: Фејсбук е најпогодната платформа за ширење дезинформации во Косово

Ремзие Шахини-Хоџај е предавач на Приштинскиот универзитет, каде што подучува медиумска етика и други предмети од областа на новинарството. Со неа разговаравме во Скопје на тема на состојбата со дезинформациите во Косово и како тамошната јавност, политика и медиумите се справуваат со овој феномен, а се обидовме да дознаеме и кој е во најголема мера виновен за ширењето на...

Од половична информација до медиумска возбуда за јапонските цреши 

Една  половична информација за отстранувањето на јапонските цреши на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје ги возбуди социјалните мрежи каде корисниците побрзаа да напишат дека дрвјата се сечат без никаква причина и без најава. Атмосферата дополнително се вжешти откако ваквиот наратив експресно го прифатија и повеќе портали (Дојде крајот на Јапонските цреши на Максим Горки; Општина Центар ги исече јапонските цреши во...

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...