fbpx

Регионот против дезинформациите: Фотомонтажи = фотографии + лаги

-

Босанскиот сервис за проверка на фактите и разоткривање на дезинформациите „Раскринкавање“ во еден од најновите текстови кратко и елегантно раскринка една фотомонтажа која беше користена како основа за лажна вест. Фотографијата се појавила на една Фејсбук-страница а на неа се гледаат ликовите на српскиот претседател Александар Вучиќ наводно во болнички кревет, а до него, во преден план и главата на пратеникот Муамер Зукорлиќ, поранешен главен муфтија на Исламската заедница на Србија.

Таа е искористена како основа да се тврди дека прв што го посетил Вучиќ во болница каде беше кратко хоспитализиран минатата бил токму Зукорлиќ. Дека тоа е невистина „Раскринкавање“ докажува посочувајќи дека станува збор за груба фотомонтажа на двата лика на фотографија која и досега била користена за други фотомонтажи – имено станува збор за селфи на Неда Украден и Уснија Реџепова, непосредно пред смртта на втората пејачка во 2015 година. Дополнително, новинарската проверка утврдила дека Зукорлиќ воопшто не го посетил Вучиќ.

И сродниот хрватски сервис „Фактограф“ се занимава со фотографија употребена како основа за лажна вест. Овој случај е уште попарадоксален, бидејќи на социјалните мрежи се ширела фотографија од бесењето на босанската партизанка Лепа Радиќ со тврдење дека всушност станува збор за нејзино бесење од страна на партизаните. Изнесувајќи ги детално главните моменти од нејзината биографија „Фактограф“ го порекнува ваквото лажно тврдење, кое патем, содржи и друга невистина – дека бесењето се случило во 1945 година, а Радиќ всушност била обесена на 8 февруари 1943 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...