fbpx

Од половична информација до медиумска возбуда за јапонските цреши 

-

Една  половична информација за отстранувањето на јапонските цреши на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје ги возбуди социјалните мрежи каде корисниците побрзаа да напишат дека дрвјата се сечат без никаква причина и без најава. Атмосферата дополнително се вжешти откако ваквиот наратив експресно го прифатија и повеќе портали (Дојде крајот на Јапонските цреши на Максим ГоркиОпштина Центар ги исече јапонските цреши во центарот на Скопје, револтот кај граѓаните се повеќе расте (ФОТО) Вандализам на улицата Максим Горки – исечени 14 дрвца (галерија)свесно туркајќи ја „топката“ со нецелосната информација, создавајќи на тој начин уште поголем гнев во јавноста поради ваквата постапка на градските власти. 

За што всушност станува збор? 

Утринава на  улицата „Максим Горки“  се исечени 14 јапонските цреши од страна на екипите на ЈП „Паркови и зеленило“. Од Град Скопје соопштија дека се работи за  целосно суви јапонски цреши,  од едната страна на улицата кои не можеле да бидат спасени  поради габична инфекција. Градот Скопје во понеделник на нивно место ќе засади 18 нови јапонски цреши и ќе го обнови дрворедот на ова улица во централното градско подрачје. 

„Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосно исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги мијат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа претставуваа опасност по безбедноста на минувачите“, се вели во соопштението на Град Скопје. 

 

По реакциите во јавноста се огласи и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој исто така најави дека ќе се садат нови цреши и  потсетува дека пред неколку месеци  токму од граѓаните имаше забелешки зошто не се сечат  старите исушени дрвја.   

Јас навистина не разбирамПретходно имаше реакции зошто не ги менувамеСега има реакции зошто ги менувамеДа потенцирам дека се сечат стари дрвјазатоа што истите се оштетениОва е добар момент да се обноват, а низ градот се уништени клупикантибекатон плочкиЈас очекувам дека од почетокот на наредната година ќе започнеме со целосна реконструкција на истите“, порача Богдановиќ. 

Така што , според официјално соопштените информации, не станува збор дека некој од кеиф, намерно ги сече јапонските цреши кои ја разубавува оваа центарска улица во близина на Плоштадот, туку затоа што дрвјата биле болни, суви, уништени со несовесно фрлање хемикалии. Исто така, соопштено е дека ќе се садат исти такви нови дрвја, што значи дека не е дојден крајот на јапонските цреши, како што фосфорсирано дезинформираа  некои медиуми.  

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...