fbpx

Граѓанските организации во Албанија остро протестираат против „Пакетот против клевета“

-

Десетина граѓански организации, институти, центри и медиуми од Албанија денеска ја повикаа албанската влада да ги повлече двата предлог-закони доставени во парламентот популарно наречени „Пакет против клевета“. Доколку владата не ги повлече законите, парламентот да не ги усвојува законите, побараа иницијаторите, пренесува Faktoje.al.

„Важноста на слободата на изразување во едно демократско општество се рефлектира во широко распространетата заштита што му се дава во меѓународното законодавство на глобално и регионално ниво, вклучително и член 19 од Универзалната декларација за човекови права, член 19 од Меѓународниот пакт за граѓанско и политички права, член 19 од Американската конвенција за човекови права, член 10 од Европската конвенција за човекови права итн“, се вели во рекацијата.

Организациите забележуваат дека двата предлог-закони, како дел од пакетот против клевета им даваат на регулаторните тела речиси судски овластувања од санкциска природа кон медиумските оператори, и иако овие тела се, според законот, независни, нема функционални гаранции за да бидат ефективно независни, какви што се органите во судскиот систем.

„Албанија има доволно закони со кои се регулираат прашањата кога медиумите ги кршат правата на другите и какво било друго мешање, како и во овој поглед имало неколку преседани во нашиот судски систем. Потребата за саморегулација на медиумите, а не правно регулирање, е од особено значење во оние држави со преодни демократии, како што е нашата, каде што медиумите честопати се поврзани со добро познатите деловни интереси на политичките партии“, се вели во реакцијата.

Организациите ги повикуваат меѓународните организации, како ОБСЕ, ЕУ и Советот на Европа да реагираат против законите, како мерки за нарушување на слободата на изразување.

Реакцијата ја упатија: БИРН Албанија, Бранители на граѓански права, Граѓански канал, Фактоје, Албански институт за медиуми, Албански институт за наука, Албански совет за медиуми, Албански Хелсиншки комитет, Здружение на новинари на Албанија, Центар Res Publica, Центар за квалитетни албански медиуми, Албански центар за квалитативно новинарство, Здружение на професионални новинари на Албанија и Сојузот на албански новинари.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...