fbpx

Судско шоу: „Специјалната“ Јанева се сокри од јавноста, а јавната Рускоска “им ги тресе гаќите на судиите“

-

Апелацискиот суд, во вторникот донесе одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“,” од притвор да биде пратена во домашен притвор, каде ќе го почека судењето кое треба да започне на 3 декември.

Јанева, која до вчера ја водеше институцијата со највисок углед и со најголема довверба кај граѓаните – СЈО, во вторникот навечер, беше придружена од полицијата од полициското комбе до нејзиниот стан, и беше целосно маскирана во ветровка и шапка на главата за да ги избегне од камерманите и фоторепортерите.

„Држете ме за раце“, беа единствените зборови на Јанева кога се симна од полициското комбе и потоа не кажа ништо повеќе. Јанева не ја поколеба ниту прашањето на еден од новинарите, кој ја  праша “дали мантилот со кој го покрила лицето и телото ќе може да го покрие нејзинот срам“.

Социјалните мрежи вријат од реакцијата на јавноста во земјата откако Јанева беше ослободена од затворот Шутка, а уште повеќе зовреа откако таа беше целосно покриена, па некои дури и се посомневаа дека тоа е навистина – таа, Јанева.

“Шоуто“ од изнесувањето од затвор не завршува тука.

Обвинителката во случајот „Рекет“, која истовремено е и раководителка на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, откако ја дознала веста дека е усвоена одлука Јанева да биде испратена на домашен притвор, се заканила на еден од членовите на Апелациониот суд, при што користела дури и непристојни зборови.

“Во случај да ти и Советот сте ја пуштите Катица, да знаеш дека ќе ви ги истресам гаќите на сите во Совет со финансиска истрага. Поради судии како вас, никогаш нема да влеземе во ЕУ. Ако не е твојот Совет,се  извинувам. Но, ако случајно сте, ќе видит“, напишала Русковска.

Апелациониот суд ја пријавил Русковска во полиција, но и кај Советот на обвинители и главниот државен обвинител Љубомир Јовески. Веднаш реакцијата на Јовески, кој СМС-пораката до Рускоска ја образложил како израз на моментална разочараност.

Против Русковска реагираше и Судскиот Совет, кој го осуди однесувањето на обвинителката и смета дека е во спротивност со Етичкиот кодекс на обвинителите.

Инаку, во случајот во случајот “Рекет”обвинети се Бојан Јовановски познат по прекарот Боки 13, поранешнaтa шефица на специјалното јaвно обвинителство (СЈО) Катица Јанева и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец.

Боки 13 се товари дека, влијаел врз Јанева за случајот воден од СЈО, “Империја”, за да му ја  олесни состојбата на осомничениот бизнисмен Орце Камчев. Како награда, Јанева земала мебел и 50.000 евра во готовина, додека Боки 13 и Зоки Кичец награда од 1.500.000 евра.

Во случајот “Рекет”се вклучени и организацијата “Меѓународен сојуз“ чиј претседател е Боки 13 и пратеничката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Фросина Ременски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...