fbpx

Контраспин: Што ако Мицкоски бил германски стипендист – и Орбан бил стипендист на Сорос, па го избрка од Унгарија

-

На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, која се случи во рамките на Конгресот на Европската народната партија (ЕПП) во Загреб, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето на Борисов за ставот во однос на евроатланските интеграции, ја даде следната изјава „Вистиономер.мк“ ја оцени како спин:

Тука не треба да има дилеми. Јас сум човек кој бил стипендист на италијанската влада, сум поминал таму магистратура и докторат во Германија, стипендист на германската влада. Тимчо е исто образуван во САД, Влатко е женет за Американка, американски зет. Александар не е, ама долго време бил во Стразбур, во Совет на Европа, така да не треба да имате дилема по тоа прашање

[Извори: Сакам да кажам , Либертас (видео) ; 21.11.2019]

Контраспин: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ја спинува вистината кога вели дека за него и неговата партија членството во Европската Унија е стратешка определба, а како прв аргумент за таквата ориентација, според него, е тоа што тој бил стипендист на италијанската и германската влада, меѓународниот партиски секретар Тимчо Муцунски се школувал во Америка, што Александар Николоски бил долго Стразбур, а Влатко Ѓорчев, пак, бил женет со Американка! Оваа изјава може да се слушне од видеото кое бугарскиот премиер и претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов го објави на својот фејсбук-профил.

Каква врска имаат овие работи? Школувањето „на запад“ не може да биде доказ дека некоја политичка структура е проевропски ориентирана и искрено од срце работи да ја однесе земјата во ЕУ и НАТО. Нивното споредување, или доведување во некаква релација која би се посочила како гаранција дека водството на ВМРО-ДПМНЕ е за ЕУ, делува дури смешно. Еве на пример, унгарскиот премиер Виктор Орбан бил стипендист на Џорџ Сорос, што укажува дека тоа не е доказ дека понатаму низ животниот и професионален век ќе се делат вредностите на таквата филозофија.​

Впрочем, толкму Орбан „ѝ откажа гостопримство“ на Фондацијата на Сорос во Унгарија.

Инаку, најсмешен во низата од „докази“ на Мицкоски, е тоа што некој од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ има жена Американка! Па каква врска има овој податок со членството во ЕУ, навистина е нејасно.

Целиот текст можете да го прочитате на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...