fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Вистиномер: Не е вистина дека со онлајн учење децата ќе добијат разни болести и ќе станат „зомби генерации“

Шпекулативна и сензационалистичка објава на Фејсбук преку непотврдени хорор сценарија шири паника и страв дека онлајн учењето е опасно по здравјето и менталниот развој на децата. За изнесените податоци, кои се прикажани во навидум точни проценти, нема никакви научни и точни докази добиени од релевантни институции. Не е јасно дали станува збор за податоци добиени од некои истражувања, и...

Вистиномер: Спин е дека осудените за „крвавиот четврток“ се уставобранители

Осудените лица, но и другите граѓани кои на 27 април 2017 година влегоа во Собранието можат да се наречат со многу термини, многу квалификативи, самите можат да се чувствуваат како бранители на идеја, на лидер, на позиција, на устав, на што било, но фактите не дозволуваат да бидат квалификувани како уставобранители во јавниот дискурс. Сосема е друго барањето за...

Вистиномер: Фотографијата од потпрена хауба со калашников не е снимена во Тетово

Фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук нема никаква врска ниту со Тетово, ниту со Македонија. Пребарувањето на пребарувачот Гугл покажува дека оваа слика е поврзувана со редица држави како Хрватска, Русија и Бугарија. Според податоците на пребарувачот, фотографијата најверојатно е направена во Бугарија, на крајот на јануари. Бугарскиот весник „Бугарија денес“ ја објавил оваа слика во...

Вистиномер: Се повторува лагата дека убиецот на матурантот од Тетово ќе бил ослободен од Заев

Со една невидена леснотија одредени Фејсбук групи за билдање на гласачко тело врз основа на „патриотизам“ и одбрана на „национални интереси“, одвреме навреме повторуваат едни те исти манипулации за „предавството“ на една или друга политичка партија, за „предавството“ на еден или друг политички лидер, пишува Вистиномер. Таков пример се појави пред некој ден на Фејсбук страницата „Македонија на Македонците“, каде...

Вистиномер: Дезинформација е дека полицајки танцувале во работно време и во службени простории на МВР

Министерството за внатрешни работи за „Вистиномер“ ја демантира информацијата  дека вработени во управните служби на МВР во работно време танцувале и се снимале за ТикТок. Од МВР велат дека видеото е снимено од странки, а не од вработени во МВР, во ходник во зградата на МРТВ, каде е сместено Одделението за странци и каде не е ограничено движењето на...

МОН: ВМРО-ДПМНЕ дезинформира дека ќе се укинат печатените учебници

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на претставничката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Весна Кусакатска, која вели дека ќе се укинат печатените учебници. Oд министерството се децидни дека во ниту еден случај нема да дозволат било кој ученик да остане без учебник независно дали е тоа електронски или печатен. „Kако што и беше најавено од следната учебна година...

КриТинк: Конспиративноста е во окото на набљудувачот

Заговорникот е човек што надворешниот свет го набљудува со „внатрешно око“ и приликите ги одмерува „од око“. Не ги промерува „од глава до пети“ ниту „премерува двапати“ пред да пресуди. Тој е интуитивен набљудувач на светот и носи заклучоци врз основа на својот инстикт и нагони, се посочува во анализата на „КриТинк“, посветена на феноменот на теориите на заговори,...

Вистиномер: Штрковите не биле убиени во Прилеп, туку во Турција

Фотографијата со угинати штркови, којашто се споделува на социјалните мрежи, не е направена во Прилеп, туку во Турција. Корисници на Твитер од Турција пишуваат дека штрковите се убиени додека мигрирале во областа Чал во Денизли. Истата фотографија од штрковите е објавена и во неколку турски медиуми. Пост на Фејсбук, преку манипулативна фотографија, шири лажна вест дека штркови биле убиени во...

Вистиномер: Патот Скопје – Блаце две децении чека да стане автопат

Владата предводена од СДСМ, која беше избрана на крајот на мај 2017 година, не успеа да го реализира ветувањето за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Во јануари минатата година беше потпишан Договорот за изградба на првите два километра на автопатот,  а во мај  – два месеца пред вонредните парламентарни избори, на терен почнаа градежни активности за првата траса....

Вистиномер: Младата пациентка, чие семејство се согласило нејзините органи да се донираат, немала ковид-19!

  Фејсбук објава во следниот пост дезинформира дека ќе бидат донирани органи од млада пациентка почината од ковид-19 пишува Вистиномер.мк во новата анализа што подолу ја пренесуваме во целост. Пациентката, инаку, е почината во сообраќајна несреќа и не била заболена од ковид-19. Објавата се однесува на напис со наслов ,,Филипче: Меѓу починатите од ковид 19 денеска има и млада пациентка нејзините...

Вистиномер: Вирусот ковид-19 е изолиран на 7 јануари 2020 година

Вистиномер рецензираше пост на Фејсбук кој е мешавина на конспирациска теорија со невистинити факти за ковид тестовите и ковид вирусот во целост. Меѓутоа, она што е интересно за овој пост, е тоа што за да добие на кредибилитет, се повикува и на поранешниот заменик-директор на Фајзер, Мајкл Јидон, човек, кој, според Ројтерс, од еминентен научник и поддржувач на вакцините, преку ноќ се...

Вистиномер: Не може да се потврди дека помодрената рака на фотографијата е од вакцина на „АстраЗенека“

Не може да се потврди дека на фотографијата којашто се споделува со овој пост, е прикажан некој што се вакцинирал со вакцина од „АстраЗенека“. Не може да се провери ниту од кога и од каде е фотографијата. Лажно се тврди дека таа била објавена на бугарските вести. Нашето пребарување од датумот кога е објавена фотографијата и ден подоцна покажа...

Министерството за здравство ја демантира ВМРО-ДПМНЕ, во лабораториите има тестови и реагенси за ковид-19

Откако опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ утрово излезе со соопштение во кое тврди дека државните лаборатории во земјава се оставени без реагенси и го постави прашањето дали се прават доволно ПЦР тестови, од Министерството за здравство стигна демант на тврдењето на опозицијата дека граѓаните молат за термин за тестирање. „Министерството за здравство ги осудува лагите кои ги пласира партијата ВМРО-ДПМНЕ и ја...

Текстилни влакна лажно претставени како чипови што излегуваат од ПЦР тестови и маски

На споделеното видео не е претставена ниту заштитна маска, ниту ПЦР тест, како што се тврди во постот, туку е направен манипулаторски обид да се направи паралела меѓу паразити кои излегуваат од скакулец, со наводно постоење на исти такви паразити во заштитната опрема и во тестовите за детекција на коронавирусот. Во постот преовладува тврдењето дека ПЦР тестот и маската...

Кампања со клевети и оцрнување на граѓански организации и независни медиуми во Србија

Во изминативе седмици политичари и провладини медиуми водат интензивна кампања за оцрнување и клеветење на водечките граѓански организации и независни медиуми во Србија. Организациите што се нападнати во силната кампања се ЦРТА (Центар за истражувања, транспарентност и одговорност), , која што раководи со иницијативата „Отворен парламент“ за следење на работата на парламентот на Србија и сервисот за проверка на факти...

Вистиномер: Авторка на книги за готвење лажно тврди дека со ПЦР тестот се вметнува чип

Tестирањето за ковид-19 не вклучува собирање примероци од крв, како што се тврди во постот на Фејсбук. ПЦР тестот се прави со земање брис, што претставува стапче со памучен врв. Стапчето се става во носот и во грлото, процедура која што нема никаква врска со собирање крв. ПЦР тестот, со којшто се детектира коронавирусот, е одобрен од Светската здравствена...

Контраспин: Со радосни вести и оптимизам против колективна депресија

Колку дози оптимизам се потребни да се одржи духот позитивен, кога дневно битката со тешкиот вирус ја губат по 35, дури и по 50 лица?  Па, тоа е секојдневно по еден речиси полн патнички автобус! Тоа е страшно, жално, тоа е трагедија која се случува пред нашите очи. Нема тука друг опис. Не може на тие семејства, кои изгубиле...

Вистиномер: Сцена од видеоспот за рап-песна злоупотребена за манипулација дека ковид-19 е измама

Фотографијата, која се споделува во оваа објава на Фејсбук, всушност, е извадена од видео спот на рап-песна објавена во септември 2020 година. Таа не е на ниеден начин поврзана со ковид-19 пандемијата, ниту, пак, со починатите од неа. Таа нема никаков допир со реалната состојба на терен во болниците и е снимена од видео продукција. Во сцените снимени за...

Вистиномер: Морбидна манипулација е дека кралицата Елизабета пие детска крв за својата виталност

Скандалозна манипулација со фрејминг, односно со намерно изоставување на клучни информации и додавање други, лажни, неточни информации го карактеризира постот што го рецензираме на Фејсбук, а кој има постигнато виралност од над 44 споделувања, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, што ја пренесуваме во целост. Во него, всушност, е поставена фотографија од вест објавена на ТВ „Канал 5“ за кралицата...

ДЕБАТА: Проверката на факти е одговорна работа, им овозможува на граѓаните со точни информации да носат одлуки

Проверката на факти е само мал дел од борбата со дезинформациите, која е тешка и напорна во дигиталната ера и наголемувачкото влијание на социјалните мрежи во нашите животи. Ова е заклучокот од денешната панел дискусија по повод 2.Април - Меѓународниот ден на проверка на фактите, која што ја организираше Фондацијата „Метаморфозис“. „Фондација „Метаморфозис“ е членка на Меѓународната мрежа за проверка...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...