fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Вистиномер: Отец Здравески шири лаги за составот на вакцините против ковид-19, МПЦ поддржува вакцинација

Антивакцинален став базиран врз лажно твдење за составот на вакцините беше пласиран од страна на свештеник на МПЦ-ОА. Проверката на факти покажа дека тврдењата на отецот се невистина, пишува „Вистиномер“ во својот нов текст, што го пренесуваме во целост подолу. Отец Стеван Здравески од Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА, во изјава за Сител телевизија, говорејќи за вакцините против ковид-19 го кажа...

Вистиномер: Руската вакцина „Спутник В“ нема магнетизирачки компоненти

Видео со лажно тврдење дека после вакцината со „Спутник В“ рамото на некоја скопјанка станало магнетизирачко е објавено на социјални мрежи, а од таму завршува како сензационалистичка вест на фејсбук фан страната на угледен медиум. Вакви тренд видеа станаа хит во последните недели во светот, а истражувањето покажува дека станува збор за трикови со антиваксерска или забавна содржина, пишува...

КриТинк: Вистинска (раз)врска со теориите на заговори

Врската што постои помеѓу верувачот и неговите теории на заговори изгледа јака и нераскинлива. Па сепак, како и секоја врска, така и таа не е имуна на мешање од трета страна. Успешното посредување, пак, подразбира добронамерност и извесна доза лична засегнатост, како и неограничени количества емпатичност, тактичност и дипломатичност. Тоа се вештини на комуникација, кои во време на пандемија...

Вистиномер: Вакцините против ковид немаат магнетизирачко дејство

Од почетокот на пандемијата до денес, во јавниот дискурс една по една се појавуваа разни дезинформации и дезинформациски трендови, спротивни на медицинската и другите науки. Тие безмалку веднаш се пренесуваат и во земјава, а последниот е дека вакцините предизвикуваат магнетизирачко својство, што е чиста невистина, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост. Во постот кој...

Проф. Даниловски за „Вистиномер“: Спајк протеинот по вакцината не е ист како спајк протеинот на коронавирусот

Користејќи излагање на само еден имунолог, не земајќи предвид сосема други бројни фактори што ги изнесуваат бројни други професори и доктори, објавена е информација која што де факт е дезинформација и невистина. За „Вистиномер“ и за потребите на рецензијата тоа го потврди и проф д-р Драган Даниловски. Текстот со разговорот со професорот Даниловски подолу го пренесуваме во целост. Рецензираме пост...

Вистиномер: Два клинички центра, два спина или за „бабите и жабите“

Со последните јавни искази околу цената на изградбата на новиот Клинички центар во околината на Скопје јавноста може да биде збунета, и со право, зашто со мало истражување на познати факти се утврдува дека спинува Мицкоски, но спин е забележан и во изјавата на Филипче. Она што е точно е дека навистина се два различни проекти, но и во...

КриТинк Анализа: Информациска вакцинација

Информацијата е како вирус. Кога пренесува невистини обложени со сензационализам, таа брзо се шири и го разјадува „здравото ткиво“ на системот. Кога пренесува факти лишени од конспиративност, таа тлее во симбиоза со своите „домаќини“ и ја „јакне функционалноста“ на општеството, пишува „КриТинк“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост.   Човечката отпорност на штетни содржини зависи од изложеноста и од количеството на...

Вистиномер: Со мРНА вакцината нема да се променат нашите природни биолошки тела

Вистиномер.мк рецензираше пост на Фејсбук во кој што се тврди дека вакцината против ковид (мРНА вакцината на Модерна поконкретно) е оперативен систем, кој може да ја програмира вашата ДНК, а со тоа и самите луѓе. Цитирајќи го производителот Модерна од неговата официјална веб страница, авторот погрешно го толкува објаснувањето за тоа како функционираат мРНА вакцините, наведува дека „нашите природни биолошки тела...

Вистиномер: Не, во вакцините нема чип со кој се следи каде сте во реално време

„Вистиномер“ анализираше уште еден од редицата постови на социјалните мрежи кои тврдат дека со вакцините луѓето се чипуваат за да бидат контролирани. Во случајот, станува збор за тврдење дека тоа се прави преку руската вакцина „Спутник В“, што е преседан, оти досега се зборуваше дека „чипувањето“ се прави преку „западните“ вакцини, како „Бионтек/Фајзер“, „Астра Зенека“, „Модерна“ и други. Анализата на...

Фејсбук со засилена акција против луѓето кои во континуитет споделуваат дезинформации

Фејсбук ги претстави новите начини за информирање на луѓето што се сретнале со содржина која веќе била оценета како дезинформација, а преземаат и посилни мерки против луѓето коишто во континуитет споделуваат дезинформации на социјалната мрежа. Од компанијата уверуваат дека преземаат мерки со кои што помалку луѓе ќе можат да ги видат содржините кои содржат дезинформации за ковид-19 и вакцините,...

Вистиномер: Дезинформација е дека во вакцината има магнетни микрочипови

Вакцините не содржат микрочипови. Целата драма со наводни микрочипови, преку кои, наводно, населението ќе биде следено, нема врска со реалноста, пишува Вистиномер. Всушност, компанијата „АпиЏект“ од САД, размислува за „опционален микрочип“, ама тој би бил на етикетата од шприцот и нема да се инјектира при имунизацијата. Важно е да се каже дека овој микрочип е наменет само за САД, а...

Контраспин: Без договорот со Грција (и со Бугарија), не можеше ниту во НАТО, ниту може кон ЕУ

Мицкоски ја извртува вистината кога зборува за околностите под кои земјава стана член на НАТО и за патот за членство во ЕУ. Во интервју што е дадено за „Фокус“, Мицкоски вели дека ќе сме станеле членка на НАТО и без промена на името, доколку тоа беше геостратегиски интерес, што не е ништо друго туку спин, пишува „Вистиномер“ во својот...

Објавен повик за обука за зајакнување на капацитетите за проверка на факти на Балканот

Партнерските организации на Фондацијата „Метаморфозис“, „Зашто не“ од Босна и Херцеговина и Меѓународната мрежа за проверка на факти при Институтот „Поинтер“ објавија програма за обука за градење и зајакнување на капацитетите за проверка на факти на Балканот. „Целта е да се понудат вештини за проверка на факти на редакции и непрофитни организации и тие, преку менторство и мониторинг, да се...

Вистиномер: Немало четворица мртви во вооружена пресметка во Ченто, туку сообраќајка

Вистиномер.мк рецензира пост објавен на Фејсбук во кој е линкуван напис чиј наслов гласи: Неофицијално: Престрелка во Ченто, има ранети и убиени Во меѓувреме, линкуваниот напис од порталот Булевар е избришан. За забележување е и дека лажната информација е споделувана во групи за купи продај каде членуваат и над 150 илјади луѓе, но и таму потоа е избришана. Какви се фактите? Дезинформација е дека во Ченто вечерта на објавата имало...

Фејсбук ќе поттикнува првин да го прочитате текстот што го споделувате

Следниот пат пред да споделите некој текст на Фејсбук пред да го прочитате, социјалната мрежа би можела да Ве потсети да размислите што правите. Фејсбук најави дека почнува со тестирање на нова функција, која ги потсетува корисниците да ги отворат линковите и да ги прочитаат текстовите пред да ги споделат на својот профил или на некој страница. Испитувањето ќе опфати...

Вистиномер: Лагите дека ковид и вакцините се измама – сè уште актуелни

Објава на Фејсбук на македонски јазик шири дезинформации околу ковид-19 без никакви докази. Освен ова или паралелно со ова, шири и антиваксерство, повикувајќи ги луѓето да не се вакцинираат, пишува „Вистиномер“ во анализа, што подолу ја пренесуваме во целост. Во објавата во која се мешаат и Трамп и наводна Q армија, се наведува: Доброутро на сите . Вие гледате ВЕЛИКО БУДЕЊЕ на...

КриТинк: Теоријата на заговор како невидлив затвор

Фасада од надмоќ и супериорност, но длабоко утврдено чувство на помала вредност. Недоверба кон другите и непријателство кон системот, како израз на сопствената несигурност и невклопеност. Тоа е сплет од особини што може да го зачаури поединецот во затворени системи на верување, пишува КриТинк.мк во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост.   Пишува: Д-р Билјана Ѓонеска, научна соработничка,...

Вистиномер: Тестовите за ковид-19 не се отровни, иако се стерилизирани со етилен оксид

Повеќе медицински професионалци препорачуваат брисот од нос да се зема додека главата на пациентот е исправена. Стапчето мора да биде вметнато многу наназад, затоа што за добар примерок клетките и течностите мора да се соберат од назофарингсот. Па, бидејќи телото не е навикнато да има каков било предмет во тој дел, ова создава одредени реакции. Го активира лакрималниот рефлекс...

Вистиномер: Стара теорија на заговор употребена и против ковид вакцинацијата

Објава на Фејсбук шири антивакцинален наратив и теорија на заговор, според која постои план да се уништи светската популација преку вакцинација во три фази. Оваа конспирациска теорија е атрибуирана на наводен меморандум на Светската здравствена организација од 1972 година. Но, се разбира дека ова скандалозно тврдење не е втемелено на реалноста и не е дел од никаков меморандум на...

Вистиномер: Антиваксерство со злоупотреба на името Исусово и преку лажно тврдење за вакцините

Фејсбук пост со наслов „Не ви ги даваме децата“, преку злоупотреба на религиски чувства и лажни информации повикува на антиваксерство. Настрана фактот што децата засега не подлежат на вакцина против ковид-19, пишува „Вистиномер“ во анализа што подолу ја пренесуваме во целост. Објава на Фејсбук на македонски јазик во која има порака-проглас насочен кон јавноста со неколку елементи, а кои се...

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...