fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Вистиномер: Не е точно дека 60 отсто од хоспитализираните во Британија биле вакцинирани со 2 дози

Наспроти тврдењето во постот, вистината е дека 60 проценти од хоспитализираните поради компликации од ковид-19 во Велика Британија се невакцинирани. Ова се гледа од исправката којашто на Твитер ја напиша британскиот научник Патрик Валанс, кој ја коригира својата грешка во статистиките коишто претходно ги навел прес-конференцијата со британскиот премиер Борис Џонсон, пишува Вистиномер.мк.   Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е даден линк...

Вистиномер: Антиваксерска дезинформација шири паника дека вакцинираните со мРНА вакцина ќе починат од срцева слабост

Објава на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот од вакцината мРНА може да предизвика тромбови во крвотокот, што ќе доведе до смртни последици. Спајк протеинот од вакцината и спајк протеинот на коронавирусот не се исти. Тоа го потврдуваат медицински експерти докажани во својата работа. Така што, тврдењето дека вакцинираните против ковид-19 ќе починат за неколку години не е ништо друго...

Вистиномер: Не е точно дека лажица се лепи за рамо поради вакцинација

Медицински експерти во повеќе наврати се изјаснија дека вакцините немаат магнетизирачко дејство и немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија....

Вистиномер: Делта варијантата е позаразна, може да стане доминантна, но вакцините штитат од тешки форми на болеста

Делта варијантата на корона вирусот, која за првпат се појави во Индија, се заканува од есен да стане доминантен сој, предупредуваат здравствените власти. Овој сој се шири низ целиот свет, предизвикувајќи наплив на нови случаи во некои земји, а одредени држави почнаа да воведуваат и нови рестрикции и ограничувања, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Д-р Ентони Фаучи, водечки експерт...

Вистиномер: Нема да има никаков отстрел на невакцинираните со вакцинална муниција

Невистинито е тврдењето изнесено во постот што го рецензираме, дека е можен вакцинален отстрел на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат преку „безопасни куршуми“ на чиј врв ќе има ампула за имунизација. Техника за имунизација како гореспоменатата не постои никаде во светот, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук којшто инсинуира присилна вакцинација на населението со непостоечка метода, во...

Вистиномер: Камуфлиран сарказам може да ги одврати луѓето од вакцините против ковид

Хуморот и сатирата се форми на комуникација кои спаѓаат во општо-човечкото универзално право на слобода на говор. Сепак, прикриениот сарказам и претставен како сатира, кој не секогаш се разбира како таков, туку се сфаќа како порака дека се прави нешто незаконски и лошо (во случајот теренска вакцинација против ковид), не е ништо друго туку антиваксерски пост насочен против јавното...

Вистиномер: Нема докази дека 460 научници и лекари во Јапонија барале од владата да престане вакцинацијата

Вистиномер.мк рецензира пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“. Во постот се претставува настанот како нешто што традиционалните медиуми го прикриле од јавноста, а информацијата се претставува како да...

БРО: Манипулација е тврдењето дека учениците на 11 години ќе учат за водење љубов

Нови дезинформации во однос на воведувањето на сексуално образование во образовниот процес денеска се проширија на Фејсбук и станаа вирални, односно веќе достигнаа до огромен број луѓе. Илустрација на која е прикажан полов однос помеѓу маж и жена денеска беше споделен во Фејсбук групата на иницијативата „Учебници и настава мора да има“. Автор на постот е координаторката на иницијативата, Драгана...

Вистиномер: Не загадувањето, туку „имунитетскиот долг“ е причина за респираторните инфекции кај децата

Увидот во болницата во Гевгелија, кој го изврши стручен тим од Детската Клиника, покажа дека причината за респираторните инфекции кај децата – кои не се карактеристични за летниот туку за зимскиот период, воопшто не е загадувањето на воздухот туку „имунитетскиот долг“, пишува Вистиномер.мк. Состојба, којашто и домашни и светски експерти ја објаснуваат како нагло изложување на вируси и бактерии после...

Вистиномер: Вакцината против ковид-19 не е генетска терапија

Ковид-19 вакцините не се генетска терапија затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени, објави Вистиномер во својот нов текст кој го пренесуваме во целост: Генската терапија вклучува правење на намерни промени во ДНК на пациентот за да се излекува генетска состојба. мРНК од вакцината не влегува во нуклеусот на клетката и воопшто нема интеракција...

Вистиномер: Не е вистина дека Делта сојот „опасно“ се шири во Грција

Иако се очекува Делта сојот да стане доминантен, затоа што оваа варијанта е позаразна, сепак тоа сè уште не се случува и нема никаква потреба предвреме и со неточни податоци да се прави паника и да се подгрева страв како во медиумите, така и на социјалните мрежи. Вистината е дека Делта сојот, односно варијантата на вирусот којашто првпат е...

Вистиномер: Вакцината против ковид-19 не содржи крв од деца

Неточно е тврдењето во постот дека изумителите на вакцините признале оти составен дел на вакцините е крвта од деца. Не навлегувајќи во религиозните аспекти на постот, ниту, пак, во верските чувства, фактичките медицински информации од науката негираат постоење на крв или крвни продукти во вакцините, ниту од возрасни, ниту од деца. Како невистинити ги оценуваме и наводите дека вакцинацијата...

Вистиномер: Лажица и монети не се лепат на рамото поради вакцината

Овој пост што се споделува на „Фејсбук“ е невистинит. Вакцините немаат магнетизирачко дејство, немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија....

Вистиномер: Изјава на експерт за делта варијантата на ковид-19 вирусот не е „психопандемија“

Научни вистини и актуелни статистички показатели, кои укажуваат за опасноста од т.н. индиски сој или делта варијанта на корона вирусот, искажани од професор и признат медицински експерт, во објава на Фејсбук се претставени како ширење страв, паника и „психопандемија“, што е очигледна дезинформација, пишува „Вистиномер“ во анализа, што подолу ја пренесуваме во целост.   Објава на профил на Фејсбук на македонски...

Вистиномер: Нема никакви докази дека крвната слика се влошува по примање вакцина против ковид-19

Пост на Фејсбук, без никакви научни докази и факти, ги убедува луѓето дека, доколку се вакцинираат против ковид-19, ќе имаат влошена крвна слика. Ова е една од низата објави на социјалната мрежа Фејсбук кои се дел од антиваксерската кампања, пишува „Вистиномер“. ШОКАНТНО! Луѓето, кои примиле „В“ имаат влошена крвна слика! Докторка ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по земањето...

Вистиномер: ПЦР тестот не е исфрлен од употреба

„Вистиномер“ анализираше тврдење изнесено во пост на Фејсбук дека, наводно, ПЦР тестовите повеќе не можат да се користат, и утврди дека е невистинито. Анализата ја пренесуваме во целост подолу Во постот што го рецензира Вистиномер се тврди дека ПЦР тестовите не можат да се користат, а во линкот под објавата, пак, критикуваниот канадски професор Бирам Бридл е цитиран во некоја...

Вебинар: Програмата на „Фејсбук“ и „Вистиномер“ ги научи медиумите сами да ги отстрануваат дезинформациите

Порано имавме случаи, некој медиум да објави некоја дезинформација, а потоа десетици други таа да ја преобјават. Откако ќе се утврдеше дека станува збор за дезинформација, за тоа да објавуваа само некои други медиуми што не ја објавиле првичната вест, а текстот со дезинформацијата си остануваше јавно достапен и добиваше видливост. Но, откако почнавме да ги рецензираме, сега веќе...

Вистиномер: ЕМА не издала нова препорака вакцината „АстраЗенека“ да не се дава на постари од 60 години

Објава на Фејсбук, преку насловот на текстот што се споделува, шири невистини дека има нова препорака од Европската aгенција за лекови (EMA) да не се вакцинираат постарите од 60 години. Повод за ваквиот наслов е интервјуто на лидерот на работната група на ЕМА за ковид-19, Марко Кавалери за италијанскиот весник „Ла Стампа“, но тој потоа за „Ројтерс“ изјави дека...

Вистиномер: Шест години старо видео извадено од контекст – Бил Гејтс не зборува за вакцините, туку за ГМО културите

Видеото кое се шири на Фејсбук е од преносот на паневропската медиумска мрежа ,,Еуроактив” од 2015 година, во Брисел, каде Бил и Мелинда Гејтс зборуваа за нивните инвестиции во генетски модифицирани култури.  Во овој пост неговата тогашна изјава е извадена од контекст и со неа се манипулира дека тој говори за употреба на ГМО во вакцините за деца, што...

Дезинформациите систематски ја поткопуваат борбата против ковид-19 во земјава (видео)

Ширење на дезинформации за корона вирусот и вакцините против ковид-19 во екот на пандемијата ја поткопува борбата против вирусот, а државата треба да преземе повеќе мерки за справување со дезинформациите. Ова, меѓу другото, го рекоа учесниците на вебинарот „Борба против дезинформации за ковид-19“, организиран од Фондација Метаморфозис во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...