fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Фондација Метаморфозис организира панел дискусија по повод Меѓународниот ден на проверка на факти

По повод 2. април, Меѓународниот ден на проверка на фактите инициран од Меѓународната мрежа за проверка на факти, чија членка од Северна Македонија е Фондацијата „Метаморфозис“, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” кој го спроведуваат „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со поддршка од Европската Унија ќе организира панел-дискусијата посветена на проверката на факти како средство за...

Вистиномер: Во Грција може да оди секој кој ќе се вакцинира или има имунитет на ковид-19, за тоа не одлучува Бектеши

Нападот врз министерот за економија Крешник Бектеши од страна на пратеникот Павле Трајанов е неоснован и неумесен, пишува Вистиномер.мк во својот најнов Контраспин, што го пренесуваме подолу. „Најавата на грчките власти дека за граѓаните од Србија ќе биде отворена туристичката сезона на 15 мај, во земјава донесе изјави и текстови во медиумите во кои се бара нашите власти да издејствуваат...

КриТинк: Случајот со д-р Дејан Докиќ ја покажа важноста на брзата проверка на факти на Фејсбук

Брзата проверка на факти од страна на „Вистиномер“ значително го намали ширењето на дезинформациите за ковид-19 припишани на лекарот д-р Дејан Докиќ, образложува КриТинк.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Угледниот лекар д-р Дејан Докиќ реагираше на ширењето на вирален пост на Фејсбук со кој се дезинформира во врска со неговите ставови и препораки поврзани со пандемијата ковид-19. Во утринските часови на...

Вистиномер: Фалсификуван наводен став на доктор Дејан Докиќ, кој што не е негов, се шири на Фејсбук

На Фејсбук се прошири и стана вирален пост за кој се тврди дека е на директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Дејан Докиќ. Во него се споделува став за состојбата со пандемијата на коронавирусот во земјава, кој што не е на лицето на кое што се атрибуира, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост. ВАЖНО...

Контраспин: Пандов удри со клоци по пописот

На веб апликацијата достапна на: popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk, можат да се попишат сите иселеници во странство. Податоците за лицата кои се самопопишале се заштитени и тие ќе бидат декриптирани дури откако ќе заврши пописот. Така што, не се знае од која националност се и како се изјасниле, па не може ни да се тврди дека се само Албанци, пишува...

Демант на Вистиномер против дезинформациите кои Јанко Бачев ги шири на социјалната мрежа Фејсбук

Демантот на Вистиномер го пренесуваме во целост: Редакцијата на порталот Вистиномер ги демантира наводите на претседателот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој во изминативе денови и недели упорно ја дезинформира јавноста, велејќи дека бил „на силен удар и блокада“ од нашата редакција, при што додава и „нема жалење, нека блокираат и филтрираат за да покажуваат помала читаност“. Ништо од...

Критинк: Сцената на заговор како сцена на злосторство

Светот на заговори е црно-бел бидејќи е полн со драстични контрасти и драматични противречности. Од нивните судири и спротивставености се подаваат долги сенки, кои се надвиснуваат над обичните животи, внесувајќи напната неизвеснот во исчекување на катаклизмички настани со уништувачко дејство врз поединците. Овие настани, сместени во епицентарот од навестуваниот потрес на системот, се плод на теории на заговори. Да...

Мобилната апликација „ХелтБади+“ достапна и на македонски и на албански јазик

ХелтБади+ е апликација која отсега е достапна на македонски и на албански јазик што треба да им помогне на граѓаните да се борат против против ширењето на корона вирусот, но и против дезинформациите сврзани со него. ХелтБади+ може да се инсталира на мобилните телефони со оперативен систем Андроид, но и да се користи преку интернет, на посебната веб-страница. Оваа апликација/програма/веб-сајт...

Вистиномер: Фејсбук пост дезинформира дека руската вакцината се набавува преку Србин со полициско досие

Тврдењето дека македонските власти за посредник при набавка на вакцината Спутник V именувале Србин кој живее во Швајцарија и кој има полициско досие во Србија, е невистинито. Ова беше демантирано и од Руската амбасада во Скопје и од Министерството за здравство од каде што нагласуваат дека набавката на вакцината се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во...

Дезинформација е дека на партиските избори се гласаше во училиштата, велат од МОН

Министерството за образование и наука (МОН) ги отфрли како невистинити информациите дека на внатрепартиските избори кои се одржаа во неделата, а на кои се бираше претседател на Социјалдемократскиот сојуз, гласањето се одвивало во училиштата. Станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација, велат од МОН. „Не се гласало во ниту едно училиште на територијата на Република Северна Македонија“, додаваат оттаму потенцирајќи...

Вистиномер: Претседателот на Танзанија не бил убиен, туку починал во болница од здравствени причини

Потпретседателката на Танзанија, Самија Сулуху, причината за смртта на шеесет и едногодишниот претседател Џон Магуфули не ја лоцира во никакво убиство, туку посочи дека имал здравствени проблеми, односно срцево заболување. „Википедија“, повикувајќи се на изјава од потпретседателката Сулуху, пишува дека  претседателот имал коморбидитети повеќе од 10 години, а, исто така, наведува дека постоеле шпекулации во најмалку два наврата дека...

КриТинк: Лажна наградна игра го злоупотребува брендингот на Македонски Телеком

На корисници на интернет од Република Северна Македонија им се нуди учество во лажна наградна игра во форма на анкета за услугите на „Македонски Телеком“, која нема никаква врска со оваа компанија и има за цел крадење на лични податоци, пишува КриТинк.мк во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост. При посета на различни странски сајтови, во форма...

Вистиномер: Дезинформација е дека на пописот во Швајцарија сме именувани како „северномакедонци“

Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека на пописот во Швајцарија, Mакедонците можат да се попишат како северномакедонци, а не како Македонци. Притоа, понуден е принтскрин како доказ за тврдењето, на германски јазик. Но, доколку проверите на германски што значи напишаното, ќе сфатите дека ова е дезинформација и извртување на вистината, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа. Постот пренесува напис...

Вистиномер: Повторно се препорачува „лекување“ од ковид-19 со солена вода, лук, ѓумбир и топла пилешка супа

Објави во медиумите и на социјалните мрежи шират дезинформации дека коронавирусот може да се победи само со употреба на солена вода, самоизолација во посебна соба, темелно чистење на домот со 75 отстотен алкохол и перење на облеката со вода над 60 степени, како и употреба на лук, ѓумбир, кромид, топла пилешка супа… Ваквите препораки може да го загрозат здравјето...

Вистиномер: Не, ракот не исчезнува со четири лажици ореви, мед и лимони дневно!

Објава на социјалната мрежа Фејсбук дезинформира дека мешавина од: мед, лимони, лук, пченица и ореви, е чудотворен лек за рак. Врз основа на медицински мислења на двајца доктори, директорот на Клиниката за онкологија и уште еден лекар од истата клиника, оценуваме дека не е вистина оти храната е лек против ракот, иако секој човек треба да се храни здраво...

Наумов: Новинарот мора на време да го прекине соговорникот што шири дезинформации или говор на омраза

Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на новинари од „Канал 77“ за можноста дезинформации и говор на омраза да „се протнат“ во контактни емисии, односно во емисии во живо. Емисиите во живо, особено популарни кај граѓаните со нивно учество како слушатели или гледачи, донесоа нов...

КриТинк: Кус водич низ светот на заговорите

Овој текст првобитно објавен на crithink.mk е замислен како прошетка низ свет полн со заговори, погледнат низ очи на верувачите во теории на заговори. Треба да го запознаеме и да научиме како да го препознаваме, зашто во секој од нас постои таков верувач, а сплетот од надворешни околности може лесно да ги разбуди овие наши слабости и склоности, пишува...

Вистиномер: Мобилна апликација за училишта искористена Бил Гејтс да се престави како демон и антихрист

Апликацијата „Дејли Пас“ генерира уникатен бар-код за секој ученик и член на персоналот што ќе дозволува влез на одредена локација во градот Лос Анџелес. Бар-кодови ќе се добиваат врз основа на негативен тест за корона вирусoт или со самоизвестување дека немаат симптоми на вирусот. Целта на оваа апликација, покрај тоа што ќе помага да се одржи безбедноста, е да...

Сведоштва на новинарки за тоа колку лесно може човек да биде излажан од дезинформации

Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на две новинарки од „Канал 77“ за напливот на дезинформации. Новинарите во секојдневната работа се соочуваат со секаков тип на дезинформации и полуинформации, поради што е потребна будност, но и располагање на факти за да се препознаат и да...

Вистиномер: Снимката од прославата во кафеана во Дебар Маало не е направена на 8 март годинава

Сопственикот на кафеаната во Дебар Маало прикажана на видеото, тврди дека снимката е стара. Инспекторката Александра Котели, која заедно со уште 7 инспектори била на терен во Дебар Маало, исто така, тврди дека состојбата прикажана на видеото не се случила на 8 Март во посочената кафеана. Имајќи ги предвид овие изјави, информацијата пласирана и на порталот и на социјалната...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...