fbpx
Таг: Алексис Ципрас

таг: Алексис Ципрас

Путин бара разговор со Ципрас

Ненадејното пристигнување на министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, во претседателската палата и среде лидерската средба, разгоре информации дека рускиот претседател Владимир Путин бара директна линија со Ципрас. Според информациите, се очекува Ципрас за кратко, во текот на паузата од лидерската средба, да разговара со Путин. Неофицијално, Ципрас на лидерите на опозициските грчки политички партии, со кои разговара речиси четири часа, им побарал да...

Ципрас: Може да се игнорира волјата на владата, но не и волјата на народот

Со голема доза оптимизам, премиерот на Грција, Алексис Ципрас ги поздрави граѓаните кои денеска гласаат на критичниот референдум. Насмеан, без вратоврска, дочекан од огромен број домашни и странски новинари, Ципрас денешниот ден го оцени како славенички бидејќи демократијата е прослава и среќа. - Грчкиот народ денеска испраќа силна порака. Порака на достоинство, одлучност. Многумина може да ја игнорираат волјата на една...

Грците поделени меѓу стравот и гордоста

Два дена пред отворање на гласачките места во Грција, сè уште е неизвесно дали ќе надвладее поддршката за грчката влада или, пак, поддршката за мерките на кредиторите за да се осигури останувањето на Грција во еврозоната. Анкетата на весникот „Етнос“ покажува мала предност на гласачите што ќе гласаат за мерките на кредиторите пред оние кои се против нив. Според анкетата, 44,8 отсто од...

ММФ: Владата на Ципрас е одговорна за бавните реформи

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека на Грција ќе ѝ биде потребна помош од 50 милијарди евра во новиот круг финансиска помош од крајот на октомри годинава, па сè до 2018 година. ММФ денеска соопшти дека Атина била бавна во усвојувањето на економските реформи, а за тоа е виновна актуелната влада на Алексис Ципрас. Минатата година ММФ предвидуваше дека грчкиот...

Ципрас ја изгуби поддршката од Независни Грци

Во трка за освојување гласачи се фрлаат владата и опозициските партии во следните 72 часа, колку што преостануваат до референдумот во Грција. Гласачите ќе треба да се изјаснат дали се за или против мерките на европските партнери, кои владата смета дека се нефер за грчкото општество, и со тоа да одговорат и на прашањето дали ѝ даваат поддршка на владата...

Ципрас не ги повлекува одлуката за референдум и барањето за гласно народно „не“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги демантираше сите гласини за укинување на референдумот. Во обраќање до народот, кусо пред почетокот на новиот состанок на Еврогрупата, и во облак од шпекулации дека владата размислува да ја повлече идејата за референдум, тој најави дека референдумот ќе се одржи и Грција останува посветена на обидот за постигнување договор со европските институции со подобри...

Пресврт во Грција: Ципрас ги прифаќа европските предлози со мали измени и сугестии

Грција, се чини, ја менува песната и ги прифаќа сите предлози од договорот предложен од европските партнери. Грчката влада испрати ново писмо до европските институции и до шефицата на ММФ, Кристин Лагард, во кое отворено ги прифаќа сите услови и реформи што кредиторите ги предложија изминатиот викенд. Информацијата ја пушти новинарот на „Фајненшал тајмс“, Питер Шпигел, а нејзината веродостојност ја...

Историски самит на ЕУ за иднината на Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска има средба со судбината во Брисел. „Ден Д“ за Грција, договор или нова финансиска неизвесност и можен банкрот е дилемата со која Ципрас ќе се соочи вечерва на вонредниот самит на Европската унија. Грчкиот премиер е веќе во белгиската престолнина, со доставени нови предлози и реформи до европските кредитори, кои ќе чекаат на нивно одобрување...

Путин и Ципрас не разговарале за финансиска помош за Грција

За време на денешните разговори, рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас не разговарале за финансиска помош од Русија за Грција, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Лидерите ја нагласија потребата од соработка на планот на билатералните инвестиции, но во контекст на вообичаените односи меѓу двете земји - изјави Песков. Путин и Ципрас се состанаа во екот на...

Ципрас: ЕЦБ и ЕУ сакаат да нè понижат

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска се спротистави на обидите на меѓународните кредитори да ја „понижат“ неговата влада и рече дека нивното инсистирање на дополнителни буџетски кратења е политички мотивирано. Ципрас рече дека сака спогодба со која ќе се стави крај на прашањето за излез на Грција од еврозоната, но додаде дека неговата влада е избрана со мандат да ги укине...

Грците со нови масовни протести за поддршка на Ципрас

Грчките граѓани масовно се мобилизираат за нов протест за поддршка на владата. На социјалните мрежи се шират голем број покани за повеќе протести и собири за спротиставување на барањата на европските институции и за силна поддршка на премиерот Алексис Ципрас. Под слоганот „Ги преземаме преговорите во наши раце - ја рушиме рецесијата“, илјадници граѓани утре ќе се соберат на главниот плоштад,...

Ципрас: Нема да ја закопаме европската демократија во местото каде е родена

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ги обвини европските институции за следење сопствени политички цели и агенда против Грција со обидите за воведување нови строги мерки за штедење кои одново ќе го стегнат финансискиот ремен на Грција. По синоќешното фијаско во Брисел и ненадејното заминување на грчките претставници од преговарачката маса, по обидот да се наметнат мерки за намалување на пензиите и за пораст на...

Ципрас со ултиматум: Или одржливо решение или големо „не“ за европските барања

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, стави крај на шпекулациите за предвремени избори во Грција, но и на ставовите дека грчката влада ќе ги погази целосно црвените линии. На вчерашниот состанок со членови од владата во премиерскиот кабинет, Ципрас истакнал дека треба да се престане и да се заборави на сите идеи и разговори за предвремени избори и за референдум доколку договорот...

Грчката драма продолжува до 18 јуни

Целодневната грчка драма во Брисел, шпекулациите за незакажана, а најавена средба со Ангела Меркел и со Франсоа Оланд, информациите дека Грција побарала деветмесечно одложување на договорот финишираа без нови детали и без некаков конкретен резултат. Брканиците на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка, францускиот претседател и со првиот човек на Комисијата, Жан Клод Јункер, завршија доцна вечерта со...

ЕУ со негативни реакции за новите грчки предлози

Грција преживува нови моменти на неизвесност со шпекулациите дека европските партнери не ги гледаат новите грчки предлози за реформи како конструктивни и одржливи. Владата на Алексис Ципрас вчера достави нова листа предлози до европските институции, како дополнување на претходните. Светските медиуми јавуваат дека првите неофицијални реакции од Европската комисија за листата не се воопшто позитивни, со што почнува нов...

Грција и кредиторите се договорија да продолжат да се договараат

Без конкретен резултат заврши синоќешната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во Брисел. Двајцата политичари договорија нова средба, која се очекува да се одржи в петок, повторно во европската престолнина. Ципрас по состанокот со Јункер посочи дека средбата поминала во добра клима и зачестените искрени преговори ќе помогнат да се дојде...

Ципрас на итна средба кај Јункер

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска заминува на ненадејна средба во Брисел со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Средбата на која ќе се разговара за итната потреба од решение за Грција беше договорена доцна синоќа во телефонски разговор меѓу Јункер и Ципрас. Претседателот на Комисијата побарал од Ципрас да допатува во Брисел за да се разгледа грчкиот предлог за...

Меркел: Има уште многу до постигнување договор со Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, по состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Рига, изјави дека останува уште многу да се направи за да се избегне финансискиот колапс на Грција. Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, на маргините на Самитот за Источното партнерство, околу два часа разговараа со Ципрас. Оланд по состанокот изјави дека на оваа средба не било планирано да се...

Ципрас: Сакаме Балкан без национализам и иредентизам

Грција сака да остане фактор на стабилност и на безбедност во балканскиот регион и да стави крај на национализмот и на националистичките политики на Балканот. Ова од Москва, од говорницата на Институтот за меѓународни односи, го порача грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на неговата официјална посета на Русија. - Поддржуваме активна балканска политика, далеку од национализмот и од иредентистичките планови...

Путин: Грција нема побарано финансиска помош од Русија

Атина формално нема побарано финансиска помош од Москва за враќање на својот долг, изјави рускиот претседател Владимир Путин, по денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва. - Грчката страна не нè контактирала со никакво барање за помош – рече Путин, одговарајќи на новинарско прашање дали Русија ќе ѝ помогне на Грција во справувањето со долгот. Русија директно нема да...

Во Македонија се спроведуваат демократски и непосредни избори, а не избори под окупација

Во Македонија од нејзината независност па до денес, се спроведуваат демократски, слободни и непосредни избори. Никој во Македонија не може да спроведува избори под окупација, бидејќи тоа е противуставно,...