fbpx

Грчката драма продолжува до 18 јуни

-

Целодневната грчка драма во Брисел, шпекулациите за незакажана, а најавена средба со Ангела Меркел и со Франсоа Оланд, информациите дека Грција побарала деветмесечно одложување на договорот финишираа без нови детали и без некаков конкретен резултат. Брканиците на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка, францускиот претседател и со првиот човек на Комисијата, Жан Клод Јункер, завршија доцна вечерта со стандардната реторика дека треба да се интензивираат преговорите и побрзо да се најде решение за грчкиот долг и договорот за новата програма реформи за Грција.

На заминување од средбата, премиерот Алексис Ципрас посочи дека продолжуваат со интензивни напори да се надминат разликите меѓу двете страни и да се дојде до договор.

– Сметам дека политичкото лидерство на Европа разбира дека треба да ѝ се даде одржливо решение на Грција бидејќи можноста да се врати социјалната кохезија, безбедноста, развојот и одржливиот долг, ќе ги врати безбедноста и стабилноста не само во Грција, туку и во целата Европа – истакна Ципрас.

Европскиот комесар за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси, апелираше грчката влада уште поактивно да работи на тоа да претстави нова листа со реформи. Московиси забележа дека е направен напредок, но дека и понатаму мора да се работи упорно за да се најде решение до следниот состанок на Европгрупата.

– Ми се допаѓа грчката трагедија, но мислам дека е време да дојдеме до среќен крај – изјавил Московиси за радиото РТЛ.

По вчерашните разговори, грчката влада има нов продолжен рок до 18 јуни, односно до новата средба на Еврогрупата, да дојде до конечно решение со европските кредитори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...