fbpx

Грција и кредиторите се договорија да продолжат да се договараат

-

Без конкретен резултат заврши синоќешната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во Брисел. Двајцата политичари договорија нова средба, која се очекува да се одржи в петок, повторно во европската престолнина.

Ципрас по состанокот со Јункер посочи дека средбата поминала во добра клима и зачестените искрени преговори ќе помогнат да се дојде до заеднички прифатливо решение. Според грчкиот премиер, кредиторите покажале разбирање за одредени прашања и се на иста линија со грчката страна.

„Заклучокот од разговорот беше дека предлогот од грчката страна останува единствениот реалистичен и конструктивен предлог на масата. Од предлозите што ги слушнавме од страната на институциите, сакам да го задржам како основа оној за ниските, најниските досега барања за примарен суфицит. Постојат многу заеднички точки – истакна Ципрас.

Тој додаде дека, сепак, постојат и прашања околку кои треба да се работи бидејќи се работи за чувствителни теми во држава која последните години минува низ тешка финансиска катастрофа и рецесија. Истакна дека грчката страна не може да прифати кратење на бенефиции за пензионерите со најниска пензија, зголемување на данокот на додадена вредност и ред други теми кои не одговараат на потребите и на можностите на грчкиот народ.

– И покрај ова, од страна на Комисијата постои конструктивно расположение да стигнеме до заедничка точка – забележа грчкиот премиер.

Грчките медиуми јавуваат дека на средбата на Ципрас му биле доставени предлози и од кредиторите, кои, наводно, биле ригорозни и неприфатливи за грчката страна. Според информациите, кредиторите се согласиле Грција да испорача понизок примарен суфицит, но за возврат да се согласи на нови мерки во висина од три милијарди евра. Барале кратења во пензискиот систем и никаква промена на договорените реформи за работничките права и бенефиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...