fbpx

Рекоа за „договорот од Пржино“, а не ни разјаснија

-

Не стивнуваат шпекулациите за тоа што е договорено на лидерската средба што се одржа завчера во резиденцијата на ЕУ на скопско Водно.

Еве ги на една место изјавите на учесниците на средбата:

Зоран Заев:

„Докоментот содржи добра почетна основа што сега треба да ја испочитуваат сите потписници. Во документот е прецизно наведена обврската за влада што треба да ги организира следните избори. Клучно, дали ќе биде постигнат договор на 10 јуни во Брисел, е да се договори профилот на таа Влада. Ставот на опозицијата е познат за јавноста, дека е прифатлив секој формат и состав на влада во која нема да бидат Груевски и креаторите на кризата во Македонија. Доколку тоа не се постигне, СДСМ ќе одбие почнување преговори и ќе продолжи со утврденото вонинституционално дејствување.“

Никола Груевски:

„Не би додал ништо повеќе од она што вчера го кажа комесарот Хан во неговата изјава. Мислам дека е потребна максимална конструктивност без шпекулации, без лажни силења или ширења лажни изјави. Да се продолжи и да се постигне она што е важно за државата и она што ѝ е потребно на државата, стабилност и сигурност. Ги повикувам сите кои ѝ сакаат добро на државата да се однесуваат позитивино и конструктивно. Вчерашниот наш чекор е покажување и сигурност дека ние веруваме и цврсто сме убедени дека граѓаните ќе ја одберат повторно оваа опција, а не опцијата на деструктивност, на ширење омраза, нема да ја одберат опцијата со која се сака да се нанесе штета на државата заради партиски или личен интерес на некого или некој да дојде на власт. Таа опција повторно ќе биде поразена.“

 

Радмила Шекеринска:

Заменик-претсдателката на СДСМ во синоќешната емисија „360 степени“ на „Алсат-М“ повтори дека бараат транзициска влада, во која нема да учествуват луѓето кои се инволвирани во криминал прикажан во прислушуваните разговори. Таа рече дека ќе продолжат со „бомбите“, а ако не успеат да се договорат со премиерот Никола Груевски, ќе ги засилат вонинституционалните дејства.

Јоханес Хан:

„Имавме многу контруктивни и интензивни преговори со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи. Уште еднаш ја потврдивме евроатланската перспектива на земјата. Важно е да се надмине актуелната криза за да се задржи евроатланската перспектива жива. Затоа се договоривме за еден вид транзициски период. Беше договорено до крајот на април следната година да има предвремени избори. Важно е земјата да се подготви. Понатаму ќе треба исто така да се прифатат сите препораки од извештаите на ЕУ за независност на судството. Беше договорено да се примени методологија која вообичаено ја користиме за преговори за поглавјата 23 и 24, а се работи за владеење на правото, независност на судството, слобода на медиумите. Сè ова ќе биде спроведено за понатамошна модернизација на земјата.“

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...