fbpx
Таг: Алексис Ципрас

таг: Алексис Ципрас

„Билд“: Коваат ли Ципрас и Путин план против Меркел

Германскиот весник „Билд“, по повод денешната средба во Москва на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на рускиот претседател Владимир Путин, го поставува прашањето дали станува збор за пакт против канцеларката Ангела Меркел. - Цел свет, сепак, се прашува што навистина планираат Ципрас и Путин со таа своја средба зад ѕидините на Кремљ и тоа пред можниот државен банкрот на Грција...

Ципрас во мај во Србија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во мај ќе го посети Белград. Според извори од грчката влада, Ципрас ќе оди во посета на Србија на покана на неговиот српски колега, Александар Вучиќ. Ова ќе биде втора посета на Ципрас на Србија, по неговата посета како лидер на опозицијата во декември 2014 година. Клучна тема на разговори се очекува да биде развојот на билатералните врски...

Ципрас: Нема да има трет меморандум за штедење, ниту нови намалувања на платите и отпуштања

Грчките реформи и европските барања се повторно во судир на работните состаноци на техничките групи и на претставниците на грчката влада и на европските институции. Според информациите во Грција, преговорите на бриселската група викендов се одвиваат во затегната клима, без да има позитивен или попустлив став кон грчките предлози за реформи. Разговорите се оценуваат како тешки и европските претставници не...

Ципрас и Меркел согласни дека Грција треба да преземе конкретни реформи

Грчката економија, заедничката соработка, билатералните односи и европските прашања биле клучните теми на кои се фокусираа грчкиот премиер и германската канцеларка, Алексис Ципрас и Ангела Меркел, на нивното денешно тет-а-тет соочување. Ципрас, и овојпат без вратоврска, во Берлин се согласи дека се неопходни конструктивни реформи, но децидно одби да прифати мерки кои би ја втурнале Грција во нов бран строго...

Коѕиас го информирал Штајнмајер за предлогот за мерки за доверба

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, еден ден пред посетата на Ципрас на Берлин, имаше долга тричасовна средба со германскиот колега Франк Валтер Штајнмајер во германското Министерство за надворешни работи, на која се разговарало и за спорот за името. Според информациите во Грција, во фокусот на разговорите била актуелната политичка нестабилност во државата и ставовите околу преговорите за името. Весникот...

Ципрас порача: Нема нови буџетски кратења

Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача дека неговата влада ќе го исполни предизборното верување и ќе стави крај на острите буџетски кратења. Ципрас изјавата ја даде пред парламентот, непосредно пред пратениците да го одобрат законот против сиромаштија, кој е прв законски пакет на левичарската влада. Ципрас, утре на маргините на самитот на ЕИ, би требало да се сретне со германската канцеларка,...

Ципрас утре на тест пред силната европска петорка

Со мала доза оптимизам, но и со резервираност, Алексис Ципрас утре ќе се сретне со силната европска петорка, односно со Ангела Меркел, Франсоа Оланд, Жан-Клод Јункер, Марио Драги и со Доналд Туск. Во Грција нема јасен оптимизам дека средбата ќе донесе само позитивни вести за државата, а оцените се дека оваа средба на Ципрас ќе биде особено тешка и...

Ципрас ќе ја види Меркел во Берлин, Груевски, можеби, во Брисел

Македонскиот премиер Никола Груевски можеби ќе присуствува на самитот на шефови на држави, на влади и на опозициски партии на Европската народна партија (ЕПП), што ќе се одржи на 19 и на 20 март во Брисел. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател, Никола Груевски, се членки на ЕПП. Од партијата не успеавме да добиеме информација дали Груевски ќе присуствува на самитот во...

Ципрас бара средба со Јункер

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побарал следната недела да се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, соопштуваат извори од грчката владаа. - Премиерот го повика господинот Јункер да организираат состанок следната недела – соопшти неименуван извор од владата во Атина. Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ претходно објави дека Ципрас сака денеска да се состане со Јункер, но дека неговото барање е...

Маратонска седница на СИРИЗА за договорот со Еврогрупата

Затегната атмосфера, несогласувања и нејаснотии доминираа на маратонската седница на парламентарната група на СИРИЗА околу договорот со европските кредитори. По долги 12 часа дискусија, пратеничката група се согласи да го одобри договорот, иако дел од членството и функционерите не се целосно задоволни и на иста линија со договорот на Алексис Ципрас и на министерот за финансии, Јанис Варуфакис, со...

Опозициските партии го обвинуваат Ципрас

Позитивен прв впечаток од Брисел за грчката листа со реформи пренесуваат грчките медиуми. Според информациите на грчката државна информативна агенција АПЕ, првите реакции во Брисел се дека листата е доволно содржајна и разбирлива за да може да биде добра основа за продолжување на разговорите и можно одобрување на грчкото барање за продолжување на финансиската помош за Грција. Од Брисел...

Атина задоволна од договорот во Брисел

Грчката влада го посочи договорот во Брисел како нејзин успех, победа и конечно задоволување на граѓанските барања и потреби. Владата на Алексис Ципрас е задоволна по договорот во Брисел, истакнувајќи дека на вонредниот состанок на Еврогрупата успеала да издвојува победа и да го оствари она што било зацртано без да се повлече од црвените линии. „Грција денеска сврти нова страница....

Ципрас го кандидираше Пaвлопулос за претседател

Премиерот Алексис Ципрас го предложи Прокопис Павлопулос, поранешен министер од Нова демократија, за кандидат за претседател на Грција. Павлопулос претставува изненадување бидејќи изминатиот период најгласно се слушаше името на актуелниот грчки еврокомесар, Димитрис Аврамопулос, како фаворит за претседател на државата. Грчкиот парламент утре попладне ќе треба да гласа за претседател, а со оглед на тоа што се работи за...

Нема договор меѓу Грција и Еврогрупата

Не успеа ни вториот обид за договор меѓу Грција и Еврогрупата. Грчката страна го одбива предлогот на европските партнери, кои од неа бараат да продолжи да ги спроведува обврските договорени со меморандумот за штедење, односно да ја продолжи во целост програмата за штедење. Ваквите услови од европска страна, според грчката влада, се целосно неприфатливи. Според информациите од премиерскиот кабинет, денешниот...

Грците не губат надеж и верба за политиките на СИРИЗА

Тактиката на новата грчка влада за пркосење на европските притисоци за продолжување на политиката за штедење и понатаму е прифатена од грчкиот народ. Големите протести за поддршка на владата покажуваат дека народот сè уште ја смета СИРИЗА за херојска, робинхудовска партија, која ќе успее да им помогне да излезат од кризата. Според анкета на телевизијата „Алфа“, 81 отсто од граѓаните...

ЕУ очекува конкретни предлози од Грција за економските реформи

Новите грчки челници, премиерот Алексис Ципрас и министерот за финансии Јанис Варуфакис, ја завршија својата прва официјална и работна мисија во седиштето на ЕУ, но без резултати на полето на економијата и на преговорите за грчкиот долг. Јанис Варуфакис во средата го имаше својот прв состанок со Еврогрупата – групата на 19 членки на еврозоната, но партнерите не постигнаа никаков...

Грчкиот парламент му изгласа доверба на Ципрас

Грчкиот парламент синоќа му изгласа доверба на новиот грчки премиер, Алексис Ципрас, со 162 гласа од вкупно 299 присутни пратеници, соопшти претседателката на собранието, Зои Константопулу. Ципрас, лидер на радикалната левица СИРИЗА, доби 149 гласови од својата партија и 13 гласа од својот коалициски партнер, десничарската Независни Грци. Останатите гласале против, а еден пратеник бил отсутен. Гласањето за доверба на владата...

Груевски му посака успех, Ципрас му ги повтори црвените линии!

Премиерот Никола Груевски денеска остварил краток телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ова за МИА го потврдиле од прес-службата на Владата. Разговорот за „Мета“ го потврдија и од канцеларијата на Ципрас. Во протоколарниот разговор, премиерот Груевски на својот колега му посакал успех во работата и во справувањето со предизвиците со кои се соочува неговата земја. Груевски истакнал дека двете земји...

Говорот на Ципрас ја урна берзата во Атина

Општиот индекс на Атинската берза денеска падна за повеќе од пет отсто на почетокот на трговската размена по говорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој истакна дека ќе го одржи предизборното ветување за решавање на јавниот долг. По отворањето со пад од 0,2 отсто, општиот индекс на берзата падна на 5,38 отсто, додека во Атина продолжуваат разговорите и обидите да...

Ципрас оптимист по првата официјална посета на Брисел

По Рим и по Берлин, грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска застана во Брисел, каде се сретна со тројцата лидери на европските институции: претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. Кусо обраќање до медиумите имаше веднаш по средбата со Шулц, но не сакаше да одговори на новинарски прашања. Двајцата го изразија...

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...