fbpx

Маратонска седница на СИРИЗА за договорот со Еврогрупата

-

Затегната атмосфера, несогласувања и нејаснотии доминираа на маратонската седница на парламентарната група на СИРИЗА околу договорот со европските кредитори. По долги 12 часа дискусија, пратеничката група се согласи да го одобри договорот, иако дел од членството и функционерите не се целосно задоволни и на иста линија со договорот на Алексис Ципрас и на министерот за финансии, Јанис Варуфакис, со Еврогрупата.

Долгочасовната дискусија се оценува дека создава голема загриженост кај грчкиот премиер, бидејќи партијата не е убедена дека ова е најдобриот можен договор што можеле да го издејствуваат за Грција. Весникот „То вима“ пренесува дека дел од пратениците се изјасниле дека ако договорот треба да се гласа во парламент, не би го поддржале, што создава нервоза во владиниот кабинет и размислувања како да се одобри договорот политички, без да биде ставен на гласање и на одобрување од грчките пратеници. Ваквите коментари довеле до тоа Ципрас да побара секој од пратениците да се изјасни како би гласал за договорот и да побара секој од нив отворено да каже што точно му е проблематично со договорот.

Грчкиот премиер на маратонската седница се обиде да ги убеди пратениците дека ова навистина бил најдобриот можен договор за Грција, објаснувајќи детално со какви проблеми и несогласувања се соочиле на состанокот на Еврогрупата и истакнувајќи дека новата влада успеала да ги смени старите мерки со нови цели, кои се засновани на програмата на СИРИЗА.

Еден од најгласните противници на програмата за време на дискусијата на парламентарната група бил министерот Панајотис Лафазанис, кој изразил загриженост како овој договор ќе се спроведе и одрази на Грција во следните четири месеци. Според Лафазанис, вокабуларот и термините во грчката листа на реформи не звучеле како да се напишани од СИРИЗА, туку како да се напишани од странските кредитори. Лафазанис бил незадоволен и од грчката согласност да се продолжи со приватизацијата, истакнувајќи дека СИРИЗА треба да држи до црвените линии и особено да не дозволи приватизација во енергетиката.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...