Атина формално нема побарано финансиска помош од Москва за враќање на својот долг, изјави рускиот претседател Владимир Путин, по денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва.
– Грчката страна не нè контактирала со никакво барање за помош – рече Путин, одговарајќи на новинарско прашање дали Русија ќе ѝ помогне на Грција во справувањето со долгот.
Русија директно нема да ѝ помогне на Атина во исплаќање на долгот, но Москва би можела да помогне со купување грчки државен имот кој ќе биде приватизиран или со други инвестициски проекти, како што е „Турски тек“, рече Путин.