fbpx

„Цивил“ бара властите да го почитуваат правото на протест на учениците

-

Невладината организација „Цивил“ денеска побара од надлежните институции и установи да го почитуваат правото на протест на учениците и да не го користат стравот како средство за манипулација со учениците и за нивно замолчување.

„Ги потсетуваме дека правото на протест, слободата на изразувањето и слободата на движењето се основни човекови права. Родителските средби кои деновиве се одржани во повеќето училишта покажуваат дека родителите во најголем дел ги поддржуваат своите деца во нивните барања, како и во активностите што ги преземаат за да биде слушнат нивниот глас. Меѓутоа, директорите на училиштата се оглушуваат на сознанијата кои наставниците – класни раководители им ги пренесуваат како заклучоци од средбите со родителите“, стои во соопштението.

Од „Цивил“ наведуваат дека директорите на средните училишта „не сакаат ниту да ги слушнат заклучоците од родителските средби, а уште помалку да ги пренесат до повисоките инстанци, односно до ресорното министерство“.

„Апелираме до родителите и до наставниот кадар да истраат во поддршката на овие храбри млади луѓе и ги повикуваме заедно со нив да се изборат за нивните права. Масовноста на активностите на „Средношколски пленум“ и на бојкотот на наставата покажува дека овие млади луѓе се сплотени со иста идеја, да се слушне нивниот глас против лошите реформи во образованието. Тие се најдиректно засегнати со реформите во образованието, па затоа никој нема право да ги исклучува од процесите на донесување одлуки во сферата на образованието“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...