fbpx

„Средношколски пленум“: МОН сака да го задуши револтот кај средношколците

-

„Средношколски пленум“ ја осуди постапката на Министерството за образование и наука со која преку класните раководители бара согласност од родителите за стапувањето во бојкот.

„Новата одлука на МОН, со која се бара согласност од родителите, ја сметаме за груб притисок врз средношколците и бојкотот воопшто. Ова го оценуваме како злоупотребата на моќта на Министерството во насока на дејства против средношколскиот револт, кој лошите реформи и ресорното министерство сè повеќе го потпалуваат. По негативната кампања, преку „викендашката“ Унија, Министерството својата неуспешност ќе ја „теши“ со притисоци кон родители. Со ваквите обиди, МОН само ја покажува својата положба, иако во јавноста убедува за спротивното. Барањата на пленумот се исклучително важни за подобрување на образовниот систем (и на државата, воопшто), нешто за кое и самото министерство е повеќе од свесно. Но, не секој може да го каже тоа“, велат од „Средношколски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...