fbpx
Таг: Алексеј Навални

таг: Алексеј Навални

Во затвор пронајден мртов Навални, најгласниот критичар на Владимир Путин

Главниот опонент на рускиот претседател Владимир Путин и најзначајниот руски опозициски лидер во изминатата деценија Алексеј Навални, е пронајден мртов во затвор во Арктичкиот круг, јавуваат руските новински агенции, цитирајќи ја затворската служба. Навални, кој важеше за најгласен критичар на Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна за прекршоци кои нашироко се сметаат за политички мотивирани, пишува Би-би-си. Кон крајот на минатата година...

Путин со „новогодишна честитка” до Навални: го испрати во затвор на Арктикот

Две недели откако блиските лица изгубија секаков контакт со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, стигна информација дека режимот на Владимир Путин го испратил Навални во казнена колонија во арктичкиот регион во најсеверните делови од Русија, пишува Си-ен-ен. Портпаролката на Навални, Кира Јармиш преку твит на социјалната мрежа „Х“ информираше дека Навални се наоѓа во казнената колонија ИК-3 во близина на...

Опозиционерот Алексеј Навални доби нова казна од 19 години затвор од рускиот суд

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска доби дополнителна казна од 19 години затвор од рускиот суд, пренесува Би-би-си. Водечкиот критичар на режимот на Владимир Путин веќе одлежува затворска казна, а денешното судење се одвиваше во оддалечена казнена колонија во Русија. Навални беше прогласен за виновен за основање и финансирање на екстремистичка организација и активности. Тој ги негира обвиненијата. Инаку, опозицискиот лидер...

Њујорк Тајмс: Протечени документи разоткриваат строго следење и цензура во Русија

Протечени документи од рускиот државен регулатор на комуникациите „Роскомнадзор“ покажуваат како Русија врши дигитално следење на своите граѓани и цензурирање, изедначувајќи се со авторитарните држави како Кина и Иран и дека од основањето на Роскомнадзор во 2008 година, Путин го претворил во систем на шпионажа заради задржување на моќта, пишува „Њујорк Тајмс“. Весникот анализирал околу 160.000 записи и документи што...

Судот во Москва го прогласи Навални за виновен за измама од големи размери, го очекува 13 години затвор

Рускиот суд денеска повторно го прогласи за виновен Алексеј Навални, лидер на опозицијата и главен критичар на Владимир Путин, за измама од големи размери, пренесе Ројтерс. Руските обвинители бараат да го преместат Навални во казнена установа со максимална безбедност на 13 години под обвинение за измама и непочитување на судот. Навални, кој издржува казна од две и пол години за претходна...

Руските власти го додадоа опозиционерот Навални на државната листа на “терористи”

Водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални од страна на руските државни власти денеска е прогласен за "терорист". Најгласниот критичар на владеењето на претседателот Владимир Путин е вклучен на листата на "терористи и екстремисти" на руската федерална служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг, пренесува Гласот на Америка. Заедно со Навални, на овој список се вметнати и петмина соработници на рускиот опозиционер, вклучувајќи ја...

Русија стави блиски соработници на Навални на листата на „терористи и екстремисти“

Руските власти ги ставија двајцата најблиски соработници на затворениот опозиционер Алексеј Навални на листата на „терористи и екстремисти“, како најнов чекор на дејствување против критичарите на Путин и на неговите соработници, јави „Moscow Times". Долгогодишните соработници на затворениот Навални, Леонид Волков и Иван Жданов се додадени на листата на Федералната служба за финансиско следење, што значи дека ќе им бидат...

Контраспин: Како Апасиев спинува за прашањето за современите дисиденти

Лидерот на Левица спинува во корист на Русија и Кина, безмалку претставувајќи ги како небаре демократски земји на ниво на Соединетите Американски Држави од гледна точка на степенот на демократија, притоа манипулирајќи со една единствена карактеристика на современите дисиденти, нивната популарност кај светската јавност, претставувајќи ја како пресудна за опстанокот на САД, на нејзината демократија и либерализмот воопшто, пишува...

Бајден и Путин ги пофалија разговорите, но несогласувањата остануваат

Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин постигнаа мал конкретен напредок на првиот меѓусебен состанок, јавува Би-би-си. Иако беа поздравени разговорите од страна на двајцата лидери, сепак претседателот Бајден по средбата рече дека било констатирани несогласувања, но и дополни дека Русија не сака нова Студена војна. Би-би-си пренесува дека разговорот траел околу три часа, што било помалку...

Борел: Во Русија отидов со добра волја, но земјата се оддалечува од Европа и демократијата

Во блог-пост на неговиот официјален блог, Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и заменик-претседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, пишува дека Русија со својата политика и однесување воопшто не покажале интерес за почитување на демократските вредности. Образлагајќи ги случувањата и мотивите за неговата посета на Москва, Борел смета дека Кремљ воопшто не се залага за обврските за почитување...

Алексеј Навални доби затворска казна, САД побараа итно ослободување

Најпознатиот руски опозиционер Алексеј Навални вчера доби ефективна затворска казна, во судски процес што генерално во светот се цени како политичка пресметка на власта со нејзиниот најжесток критичар. На судењето беше проценето дека Навални ги прекршил одредбите за неговата условна затворска казна од три и пол години, со тоа што не се пријавувал соодветно во текот на петте месеци кога...

Повеќе од 4.100 уапсени во Русија на протестите за поддршка на Алексеј Навални

Повеќе од 4.100 уапсени демонстранти, меѓу кои и Јулија Навалнаја, сопругата на најгласниот критичар на руската власт Алексеј Навални, е една од бројките во серијата денешни протести низ Русија, со кои се бараше на истакнатиот руски опозиционер, кој е во притвор од неговото враќање во земјата по 5 месеци лекување и престој во Германија. Алексеј Навални во критична состојба...

Во Русија нови протести против апсењето на Алексеј Навални

Властите во Москва ги затворија метро станиците и го ограничија движењето во очекување на нов голем протест во главниот град на Русија проти апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, откако во други големи градови во Русија, во други временски зони, почнаа протестите. Ресторани и други угостителски објекти во Москва ќе бидат затворени, а надземниот сообраќај ќе биде пренасочуван. По протестите изминатиот...

ДфрЛаб: Слаба онлајн реакција на про-Кремљ медиумите за враќањето на Навални во Русија

Медиумите контролирани од Кремљ не успеаја значително да ја засилат својата дигитална кампања за нарушување на угледот на Алексеј Навални по неговото враќање во Русија. Најголем критичар на Кремљ, познат по истрагите за корупциските шеми на руската политичка и бизнис елита, кој неодамна објави докази дека Владимир Путин лично го наредил неговото труење во август 2020, пишува во последниот...

Над 3.500 уапсени на протестите во Русија, Навални објави документарец во кој обвинува за најголемиот поткуп во историјата [видео]

Во повеќе од 100 града во Русија викендов се одржаа протести како одговор на приведувањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и повеќе негови соработници. За време на протестите над 3.500 лица беа приведени од полицијата, а специјалните полициски единици во Москва тепаа и влечеа демонстранти по улиците, јавува Би-би-си. Меѓу приведените лица е и Јулија, сопругата на Навални која што...

Европа и светот бараат итно ослободување на Алексеј Навални

Откако вчера веднаш по слетувањето во Москва, Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозиционер и жесток критичар на претседателот Владими Путин, беше уапсен од руската полиција, врвни светски водачи и политичари побараа тој да биде итно ослободен. Алексеј Навални вчеравечер) се врати во Русија, по пет месеци откако падна во кома откако беше затруен со бојниот нервен отров Новичок и пренесен на...

Алексеј Навални уапсен по пристигнувањето во Москва

Најголемиот руски опозиционер и остар критичар на власта Алексеј Навални по неговото пристигнување на московскиот аеродром Шереметјево е уапсен откако ја минал пасошката контрола, јавија руски медиуми. Алексеј пристигна на аеродромот вечерва во 20 часот по московско време, по пет месеци откако падна во кома откако беше затруен со бојниот нервен отров Новичок и пренесен на лекување во Берлин. Претседателот на...

Пет месеци по труењето, Алексеј Навални се врати во Русија

Водечкиот критичар на власта во Русија, Алексеј Навални вечерва во 20 часот по московско време (18 часот по македонско време) се врати во Русија, по пет месеци откако падна во кома откако беше затруен со бојниот нервен отров Новичок и пренесен на лекување во Берлин. Навални и неговата жена Јулија слетаа на московскиот аеродром Шереметјево, по два и пол часа...

Во потрага по вистината и дезинформациите: Алексеј Навални и проблемите со бојниот отров Новичок

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Сервисот за борба...

Лекарите велат дека Навални не е отруен, одбиваат да биде пренесен во Берлин

Алексеј Навални, секако најпознатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, кој вчера колабираше на лет од сибирскиот град Томск до Москва, по што неговиот тим обвини дека бил отруен, сè уште е во кома. Лекарите што се грижат за него во болница во градот Омск, каде што авионот слета, за на Навални (44) да му биде пружена итна помош,...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...