Повеќе од 4.100 уапсени во Русија на протестите за поддршка на Алексеј Навални

Фото: Инстаграм профил на Јулија Навалнаја

Повеќе од 4.100 уапсени демонстранти, меѓу кои и Јулија Навалнаја, сопругата на најгласниот критичар на руската власт Алексеј Навални, е една од бројките во серијата денешни протести низ Русија, со кои се бараше на истакнатиот руски опозиционер, кој е во притвор од неговото враќање во земјата по 5 месеци лекување и престој во Германија. Алексеј Навални во критична состојба беше префрлен во Берлин во август минатата година, откако беше отруен со нервниот отров од советско време, Новичок, јави Си-ен-ен.

Организацијата на Навални соопшти дека на протестите имало масивни апсење, односно околу 4.100 според сегашните податоци, од кои 1.080 во Москва и 796 во вториот најголем град, Санкт Петербург.

 

Протестите вечерва се завршени, но според соопштението на тимот на Навални изнесено на неговиот канал на Телеграм, следниот протест ќе се одржи на 2 февруари, пред судот Симоновскиј. Во овој суд во Москва во вторник ќе се разгледува обвинението против Навални за измама и ќе се пресуди дали претходно изречена условна казна ќе се претвори во ефективна затворска казна.

Алексеј Навални беше уапсен на 17 јануари годинава, по враќањето од Германија.

Според тимот на Навални, денеска биле организирани протести во повеќе од 120 градови во Русија.

Во Москва властите го затворија метрото, а покрај бројните полициски сили на улиците, исто така се пренасочуваше надземниот сообраќај.