fbpx
Таг: Алексеј Навални

таг: Алексеј Навални

Алексеј Навални, најгласниот критичар на Путин, е во болница со сомнежи за труење

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални денеска е примен во болница во Сибир, со симптоми кои неговата портпаролка Кира Јармиш ги опиша како знаци на труење. Навални летал од сибирскиот град Томск кон Москва кога се појавиле симптомите и морало да биде хоспитализиран. Било направено принудно слетување во градот Омск, каде е примен на интензивна нега и е без свест,...

Навални денеска ќе поднесе кандидатура за претседателските избори во Русија

Лидерот на опозицијата во Русија, Алексеј Навални денеска ќе поднесе документи за кандидатура за претседателските избори во Русија во 2018 година. Централната изборна комисија потоа ќе одлучи дали тој ги исполнува условите за кандидатура. Околу 800 поддржувачи на Навални денеска се собраа на формален состанок и изразија поддршка за неговата кандидатура. Навални е најсилниот противкандидат на Владимир Путин за претседател на Русија. Меѓутоа,...

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пуштен од затвор

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, е пуштен од затвор по 20-дневната казна, на која беше осуден поради повикување на недозволени протести, јавуваат светските агенции. Навални беше уапсен на 29 септември, кога планираше да замине на протест во градот Нижни Новгород. Сепак, тој не беше уапсен поради овој протест, кој беше одобрен од руските власти, туку за повикување на друг, недозволен...

Приведен рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Руската полиција утрово во Москва од неговиот дом го привела рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кратко пред да оди на митинг во градот Нижни Новгород, а ги привела и неговите соработници во тој град, јави Асошиејтед Прес, посочувајќи дека попладнево тој твитнал од полициска станица, каде, како што вели, го држат без обвинение или образложение зошто е приведен. Тој требаше...

Руската полиција уапси стотина демонстранти во Москва

Руската полиција притворила најмалку 600 учесници на денешните протести во центарот на Москва, каде што околу илјада граѓани се собрале за да протестираат против корупцијата на политичарите, јавуваат светските медиуми. На протестите во Санкт Петерсбург, организирани од рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, биле притворени најмалку 300 демонстранти. Навални бил приведен пред почетокот на протестите, соопштила неговата сопруга на нејзиниот твитер-профил. Полицијата преку мегафон...

Навални повика на антикорупциски протести во 147 градови во Русија

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се врати во земјата по операцијата во Шпанија која, како што вели, му го вратила видот на повреденото око и повика на протести. „Се вратив“, напиша Навални на „Твитер“, барајќи поддршка за антикорупциските протести. Тие би требало да се одржат идниот месец во 147 градови во Русија. Навални вели дека претседателскиот декрет, кој беше издаден додека активистот...

На антивладин протест во Москва, уапсен опозиционерот Навални

Рускиот опозиционер Алексеј Навални е уапсен во Москва на антикорупциски протест кој тој го организирал. Во повеќе градови низ Русија се одржуваат протести против корупција на владини службеници, а десетина демонстранти се уапсени откако опозицијата ги повика луѓето да излезат на улица во знак на протест поради корупцијата и да побараат оставка од премиерот Димитри Медведев. https://twitter.com/davidfilipov/status/845961540230623233 Во фокусот на протестите се...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...