fbpx

Алексеј Навални уапсен по пристигнувањето во Москва

-

Најголемиот руски опозиционер и остар критичар на власта Алексеј Навални по неговото пристигнување на московскиот аеродром Шереметјево е уапсен откако ја минал пасошката контрола, јавија руски медиуми.

Алексеј пристигна на аеродромот вечерва во 20 часот по московско време, по пет месеци откако падна во кома откако беше затруен со бојниот нервен отров Новичок и пренесен на лекување во Берлин.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, вечерва повика Навални да биде веднаш ослободен..

„Приведувањето на Навални по доаѓањето во Москва е неприфатливо“, рече Мишел.

Според руските медиуми, апсењето е со образложение дека Навални во Германија не ја исполнил обврската да ги информира руските власти за местото на престој во текот на неговата условна казна. За тоа дали Навални ќе оди в затвор или ќе биде пуштен на слобода ќе решаваа надлежен суд во вторник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...