fbpx

Судот во Москва го прогласи Навални за виновен за измама од големи размери, го очекува 13 години затвор

-

Рускиот суд денеска повторно го прогласи за виновен Алексеј Навални, лидер на опозицијата и главен критичар на Владимир Путин, за измама од големи размери, пренесе Ројтерс.

Руските обвинители бараат да го преместат Навални во казнена установа со максимална безбедност на 13 години под обвинение за измама и непочитување на судот.

Навални, кој издржува казна од две и пол години за претходна пресуда, беше прогласен за виновен по обвинението за проневера на пари.
Тој вели дека обвиненијата биле измислени за да се осуетат неговите политички амбиции.

„Навални извршил измама, односно кражба на имот со помош на организирана група“, изјави судијката Маргита Котова.

Рускиот опозиционер во август 2020 годинa беше отруен со нервен агенс Новичок и беше хоспитализиран во тешка состојба. Навални го почувствувал ефектот од отровот кој се користи како хемиско оружје за време на летот од Томск до Москва, по што е однесен во болница во Омск каде беше и ставен во индуцирана кома.

Два дена потоа тој беше евакуиран во болницата во Берлин. Употребата на нервниот агенс беше потврдена од пет сертифицирани лаборатории на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW), но руските власти отфрлија било каква вмешаност во труењето.

Навални беше уапсен во јануари 2021, откако по лекувањето се врати во Русија.  Авионот со кој патуваше беше пренасочен и слета на аеродромот Шереметјево наместо на Внуково, поради тоа што, како кажаа руските власти, таму биле собрани голем број негови приврзаници.

Тој дури и од притвор остана „трн во окото“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Неговиот тим го објави докумантарниот филм „Палата за Путин. Историја на најголемиот поткуп“ и резултатите од големата истрага што се однесуваше на богатството на Путин вредна 1,4 милијарди долари и неконтролирана корупциска шема со што и`овозможи на јавноста да ѕирне во палатата на Путин на Црното Море.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...