петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Албин Курти | 65 резултати

Државниот врв во Приштина свечено ја одбележа 15-годишнината од независноста

февруари 17, 2023

Косово денеска прославува 15 години независност. Познатото обележје „Њуборн“ (новороденче) во центарот на Приштина, освен што има нова тематика, сега и се чита поинаку. Оваа година наместо Њуборн со буквите од споменикот е испишано NONEWBR што според авторот на делото Фисник Исмаили, значи No New Broken Republic, пренесе косовската телевизија Клан. Тој на својот профил […]

Курти со услови за формирање на Заедницата на српски општини, во Белград турканици во парламентот

февруари 2, 2023

Косовскиот премиер Албин Курти презентираше услови кои ќе овозможат да се разгледа формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО), а опозициските партии тоа го нарекоа промена во пристапот на Курти на оваа тема, пренесе Дојче Веле сервисот на албански јазик.  Курти изјави дека може да се размислува за формирање на Заедница на општини […]

ЕУЛЕКС го зголемува присуството на северот на Косово, на барикадите забележани руски воени симболи

декември 22, 2022

Мисијата на ЕУЛЕКС во Косово соопшти дека ја следи ситуацијата на северот во земјата и дека го зголемиле присуството на терен поради безбедносната ситуација таму. „Внимателно ја следиме безбедносната ситуација во северниот дел на Косово преку нашето засилено присуство на теренот. Полските припадници на нашата специјализирана полициска единица и италијанските и литванските припадници на нашата […]

Курти за „Гардијан“: Русија губи во Украина, но ги разгорува тензиите меѓу Србија и Косово

декември 20, 2022

Косовскиот премиер Албин Курти предупреди дека од зголемените тензии меѓу Србија и Косово корист има само за Владимир Путин и Русија. Tој во разговор за весникот Гардијан предупредува дека Русија ги разгорува тензиите меѓу двете земји. Неговата изјава следи откако етничките Срби во северниот дел на Косово поставија блокади на некои патишта. Курти посочува дека […]

На северот на Косово е мирно но тензично, полицијата е присутна пред државните објекти

декември 9, 2022

Ситуацијата на северот на Косово во моментов е мирна, но тензична, велат за „Мета.мк“ жители на северна Митровица. „Во моментов ништо не се случува освен што е забележливо зголемено присуство на полицијата пред објектите на државните институции и зградата на изборната комисија“, рече Оливера Станојевиќ. Доцна синоќа во селото Србовац во општина Звечан, полесно е […]

Тргнати се барикадите на северот на Косово, Борел ги повика Курти и Вучиќ во Брисел

август 1, 2022

Сите камиони ги напуштија барикадите кои вчера беа поставени на патот кон Брњак на северот на Косово и коловозот сега е прооден, објави Коссев.Инфо. Како што пренесе косовскиот портал од лице место, само еден камион сѐ уште стои  паркиран поради дефект. Вчера по состанокот со претставници на меѓународната заедница и американскиот амбасадор Џефри Ховениер, косовската […]

Косово го одложи спроведувањето на правилото за влез во земјата, но барикадите останаа

август 1, 2022

Косовската влада го одложи спроведувањето на реципрочните мерки за менување на српските регистарски таблички и издавање привремени документи за престој во Косово за српските граѓани за 30 дена. Сепак, овие мерки денес стапија на сила откако двата гранични пункта во Јариње и Берњак, на северот на Косово, останаа затворени за сообраќај. „Одлуката за издавање влезно-излезен […]

Курти за Си-ен-ен: Западен Балкан би можел да биде ново руско „бојно поле“

април 6, 2022

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за Си-ен-ен посочи дека во однос на војната во Украина, Србија воопшто не е неутрална туку е на страната на Руската Федерација. Според Курти, постои загриженост дека Западен Балкан би можел да биде ново руско „бојно поле преку нивните „прокси“ елементи – Србија или Република Српска“. Тој додаде дека […]

Косовските супермаркети ги намалија цените од 250 денари за литар зејтин, полицијата пронајде сокриени 100 илјади литри

март 11, 2022

Полициските акции, иницирани од косовското Обвинителството, ги вразуми маркетите кои вчера литар сончогледово масло го продаваа по цена од 3,49 евра без разлика на производителот и тоа во ограничени количини од максимум четири шишиња. „Цената на литар зејтин денес се движи од 2,19 до 2,99 евра“ за Мета.мк потврди адвокатот Арбер Јашари кој вчера на […]

Се одржа првата заедничка владина седница меѓу Северна Македонија и Косово

септември 16, 2021

Премиерот Зоран Заев денеска го пречека неговиот косовски колега Албин Курти во официјалната работна посета на Скопје, додека двете влади ја одржаа првата заедничка седница. Во функција на поблиска соработка, денеска беше потпишан договор за воведување на заедничка царинска контрола на железничкиот премин Блаце-Хани Елезит, со која значително ќе се намали времето на чекање на […]

Секој од лидерите на Западен Балкан со свој став по заедничката вечера со шефот на европската дипломатија

мај 19, 2021

По вчерашната заедничка вечера со шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел, секој од шесте лидери на земјите од Западен Балкан излезе со сопствен став. Премиерот Зоран Заев пред средбата со потпретседателот на Европската комисија Борел изјави дека Северна Македонија го очекува она што ѝ е ветено, а тоа е прифаќање на преговарачката рамка и […]

Балканските патишта кон ЕУ: Косово од независност кон нормализација

април 17, 2021

Најмладата држава во регионот – Косово ја прогласи независноста во 2008 година, но сѐ уште се бори за место во меѓународниот поредок. Нешто над половината членки на ООН ја признаа државата како независна, повеќето од нив дури и пред Меѓународниот суд за правдата да каже дека прогласувањето независност не било спротивно на меѓународните норми (во […]

Собранието на Косово го изгласа Курти за нов премиер и го усвои предлогот за состав на новата Влада

март 23, 2021

Собранието на Косово го изгласа лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово. Курти пред косовските пратеници ги образложи неговите приоритети за време на неговиот мандат како што се развојот на економијата, борбата против невработеноста и пандемијата на ковид-19, развојот на […]

„Самоопределување“ на Курти со освоени 48 отсто од гласовите победник на изборите во Косово

февруари 15, 2021

Движењето „Самоопределување“ со освоени 374.913 гласови, или 48,17 отсто од преброените гласови, е победник на вонредните парламентарни избори што се одржаа вчера во Косово. Демократска партија на Косово која што долги години ја предводеше Хашим Тачи освои 17,35 отсто од гласовите, додека досегашната владејачка партија Демократска лига на Косово на Авдула Хоти доби 13,18 отсто […]

Косово доби нова влада, Авдулах Хоти изгласан за премиер

јуни 3, 2020

Собранието на Косово со 61 глас „за“ , 24 „против“ и 1 „воздржан“ денеска ја изгласа новата влада што ќе ја предводи Авдулах Хоти од Демократската лига на Косово. Новата косовска влада ја поддржаа и пратениците од Српската листа, кои ќе добијат две министерски места. Покрај Демократската лига на Косово и Српската листа, владејачката коалиција […]

Случајот со Јамајка и (не)признавањето на Косово: Како да се проверуваат тврдењата на политичарите?

февруари 21, 2020

Јамајка ја призна независноста на Косово – веста што вчера одекна во медиумскиот простор во Косово, но и во регионот, само неколку часа подоцна се покажа неточна. Медиумите речиси идентично ја пренесоа оваа вест, повикувајќи се на објавата на Твитер-профилот на косовскиот претседател Хашим Тачи, проследена со објави од највисоките косовски функционери. Беа потребни девет […]

Наместо 33 косовската Влада ќе има 35 заменици-министри

февруари 10, 2020

Калзо ( (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) анализираше ветување на Самоопределување дека новата Влада на Косово ќе има 15 министерства, а околу 33 заменици. Имено, според Калзо, Албин Курти се повлече од ветувањето за бројот на заменици-министри што ќе ги има неговата Влада. […]

Повлекување од „црвените линии” поради кои се доцнеше со формирање на новата Влада

февруари 6, 2020

Калзо (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) ги анализираше ставовите и преговорите  помеѓу Демократската лига на Косово (ДЛК) и Движењето Самоопределување за формирање на косовската Влада. ДЛК и Самоопределување се откажаа од првичните нивни барања за функциите „претседател“ и „спикер“. Овие повлекувања го […]

„Калзо“: Првата невистина на коалицијата ДС-ДЛК

февруари 4, 2020

Двете партии кои ја водат коалицијата за новата Влада на Косово, Движењето Самоопределување (ДС) и Демократската лига на Косово (ЛДК), во повеќе наврати изјавија дека бројот на министерства ќе биде 12. Вакви изјави имаа и лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти и пратениците на ЛДК, Лумир Абдиџик и Абдулах Хоти. „Калзо“ (kallxo.com – кој работи […]

„Калзо“: Курти го исполни ветувањето за застапеноста на жените во неговата Влада

февруари 3, 2020

Новиот премиер на Косово, Албин Курти го исполни ветувањето за застапеноста на жените во неговиот владин кабинет, пишува „Вистиномер.мк“. Тој во предизборната кампања вети дека 30 проценти од министерствата ќе бидат предводени од жени.На 3 февруари Собранието на Косово ја изгласа новата Влада на Курти во која од вкупно 15 министерства има пет жени на […]

Страна 3 од 4