fbpx

Косово доби нова влада, Авдулах Хоти изгласан за премиер

-

Собранието на Косово со 61 глас „за“ , 24 „против“ и 1 „воздржан“ денеска ја изгласа новата влада што ќе ја предводи Авдулах Хоти од Демократската лига на Косово. Новата косовска влада ја поддржаа и пратениците од Српската листа, кои ќе добијат две министерски места. Покрај Демократската лига на Косово и Српската листа, владејачката коалиција ја сочинуваат и партиите Алијанса за иднината на Косово (ААК), Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) и партиите на помалите етнички заедници од Груп 6 плус.

Мандатарот Авдулах Хоти во своето обраќање пред пратениците истакна дека веднаш ќе се заложи за надминување на пречките за продолжување на дијалогот со Србија, оценувајќи дека го ова прашање од витална важност за Косово. Тој дополни дека ЕУ и САД имаат „неодвоива улога“ во овој процес.

– Меѓусебниот договор ќе се заснова на рамноправноста на Косово и Србија – изјави мандатарот Хоти.

Хоти нагласи дека новата влада во ниту еден момент нема да го напушти евроатлантскиот пат на Косово, но и дека ќе обезбеди еднакви можности за сите и интегрирање на заедниците во сите области на општествениот живот. Мандатарот во своето обраќање им се заблагодари на лекарите и здравствените работници во Косово, кои се борат со епидемијата на Ковид-19.

Покрај острото противење на Движењето Самоопределување на досегашниот премиер Албин Курти, новата косовска влада не ја поддржа ниту Демократската партија на Косово на Кадри Весели.

Изгласувањето на новата влада на Косово доаѓа по неколкумесечните политички турбуленции во Приштина и „натпреварот“ за тоа која политичка партија ќе ја формира новата влада. Движењето Самоопределување и Албин Курти побараа нови избори, но косовскиот претседател Хашим Тачи се одлучи да го додели мандатот за формирање на влада на второрангираната партија на последните избори, што беше пресудено како уставна одлука и од страна на Уставниот суд на Косово на 28 мај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...