понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Албин Курти | 65 резултати

Гостинот не се брка од дома, му порача Рама на Курти пред одењето во Приштина

јули 6, 2023

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од Скопје му порача на косовскиот колега Албин Курти дека не треба да заборава оти гостинот не се брка од дома, најавувајќи ја денешната посета на Приштина. Рама го изјави ова на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Пред да дојде во Скопје на средба со Ковачевски, Рама ги […]

Експлодира граната во дворот на општината во Северна Митровица, Курти обвинува за терористички напад

јуни 27, 2023

Рачна граната експлодирала синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јавија косовските медиуми. За синоќешната детонација се огласи и премиерот на Косово, Албин Курти, кој за разлика од полицијата, напиша дека во дворот на општинската зграда всушност биле фрлени две рачни бомби. […]

Србија ги ослободи тројцата косовски полицајци

јуни 26, 2023

Тројцата полицајци кои кон средината на месецов беа уапсени од српските власти, како што тврдеше Белград, односно кои според Приштина беа „киднапирани“, сега се ослободени, пренесува Kossev.info. Адвокатот на уапсените ја потврдил информацијата за српскиот сервис на Радио Слободна Европа. „Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и тие ќе се бранат од слобода“, изјавил […]

Борел бара од Вучиќ да ги ослободи тројцата косовски полицајци безусловно

јуни 23, 2023

Шефот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, по одвоените средби што ги имаше со премиерот на Косово, Албин Курти и со српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференција кажа дека побарал од Вучиќ да ги ослободи тројцата косовски полицајци кои се држат во Србија од 14 јуни. „Идентификувавме можен начин напред на кој двете страни […]

Курти и Вучиќ отидоа во Брисел на средба со Борел

јуни 22, 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти заминаа денеска во Брисел на средба со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и со специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчек. Вучиќ отиде во Брисел, но претходно изјави дека нема да разговара со Курти, туку само со Борел. „Со Албин […]

Вучиќ и Курти ја условуваат средбата во Брисел, поставени блокади на патиштата кон Косово

јуни 20, 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да оди во Брисел на средба со европските претставници и преговори со Албин Курти, додека секој уапсен Србин на Косово не биде ослободен. Тој разговорите ги услови и со повлекување на, како што рече, „лажните градоначалници од северот“, пренесува Kossev.info. „Нема да одам да разговарам со Курти […]

Косовската влада го суспендираше деловниот сертификат за телевизијата Клан Косово

јуни 15, 2023

Локалните и меѓународните медиумски организации ја обвинија косовската влада дека се обидува да ја ограничи слободата на медиумите во Косово откако Министерството за индустрија, претприемништво и трговија го суспендираше деловниот сертификат на приватната телевизија Клан Косова, пишува Приштина Инсајт. Министерството во средата го суспендираше деловниот сертификат против трговското друштво во чии рамки е телевизијата и […]

Борел: Услов за средба на високо политичко ниво е и деескалација на ситуацијата во северно Косово

јуни 15, 2023

Итно прекинување на полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово, односно повлекување на специјалците од таму и најава за предвремени избори во северно Косово на кои ќе учествуваат и Србите, се барањата кои ги повтори високиот европски функционер Жозеп Борел, во писмото упатено до косовскиот премиер Албин Курти, во кое тој […]

Нова серија обвинувања меѓу Косово и Србија по апсењето на тројца косовски полицајци

јуни 14, 2023

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Србија извршила агресија врз Косово со чинот на киднапирање на тројца припадници на косовската полиција, јавува Радио-телевизија Косово. Полицајците биле киднапирани на место на некогашна рута за шверц, која се наоѓа во косовска територија, и тоа на 300 метри од самата косовско-српска граница. „Се сомневаме дека се киднапирани […]

Курти со „предлог“ за северот на Косово, во Косовска Митровица станува тензично

јуни 13, 2023

Премиерот на Косово, Албин Курти, појасни дека денеска на меѓународните претставници им предал свој предлог од пет точки за решавање на ситуацијата на северот на Косово, меѓу кои и распишување вонредни локални избори таму, како што бараше ЕУ и меѓународната заедница, јавуваат српските медиуми. Сепак, како прва точка, односно услов, тој наведува спроведување на законот […]

Курти денеска на средба со Лајчак и Ескобар, протестите во Северно Косово продолжуваат

јуни 5, 2023

Припадниците на српската заедница во северно Косово веќе десетти ден протестираат пред општинските згради. КФОР се наоѓа во непосредна близина, а српската заедница поддржана од официјален Белград бара новоизбраните градоначалници на општините од северно Косово да не влезат во административните згради, пренесува Радио-телевизија Србија. Косовскиот премиер Албин Курти вечерва ќе се сретне со специјалниот претставник […]

За да се смири состојбата, во северно Косово треба да се одржат нови локални избори

јуни 2, 2023

Имаме три јасни барања – одржување на нови локални избори во северно Косово сега, осигурување на учеството на Србите на овие избори и започнување на работите за воспоставување на Заедницата на српски општини во рамките на дијалогот потпомогнат од ЕУ. Ова е пораката што преку Твитер ја испрати високиот претставник за надворешна и безбедносна политика […]

Остри реакции од меѓународната заедница за денешните немири на Косово

мај 26, 2023

Европската Унија вечерва упати остра осуда за судирите меѓу косовската полиција и демонстрантите на северот на Косово. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, се огласи преку писмена изјава во која се вели дека судирите меѓу косовската полиција и демонстрантите се иницирани од обидот на новоизбраните градоначалници да влезат во зградите на локалните самоуправи во четири општини […]

Османи-Курти: Правата на заедниците се клучни за стабилноста во Косово и во регионот

мај 26, 2023

Заштитата на правата на сите заедници е од фундаментално значење за стабилноста во Косово и поширокиот регион, истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, по денешната официјална средба со премиерот Албин Курти во Приштина. Во фокусот на разговорите беа и младите, за кои Османи рече дека ќе бидат клучни во спроведувањето […]

Вучиќ и Курти се обврзаа да го решат прашањето за исчезнатите лица на Косово

мај 3, 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска ја прифатија декларацијата за исчезнатите лица како дел од дијалогот за нормализација на односите. Во декларацијата која ја објави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) тие се обврзаа да соработуваат за идентификување на гробните места и да ги следат ископувањата за да се лоцираат и […]

Изборите во северно Косово завршија со мала излезност на Србите, одговорноста е на Белград

април 24, 2023

Со минорна излезност од само 3,47 отсто завршија вчерашните локални избори во четирите српски општини во северно Косово. На изборите победија кандидати на албанските политички партии, при што во Косовска Митровица и Лепосавиќ победија кандидатите на партијата Самоопределување, додека во Зубин Поток и Звечан најмногу гласови освоија кандидатите на Демократската партија на Косово. Српската листа […]

САД го поздрави договорот од Охрид, заедно со ЕУ ќе ја надгледуваат имплементацијата

март 20, 2023

Иако српскиот претседател Александар Вучиќ не го потпиша документот, високиот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар Габриел Ескобар го оцени како успешен дијалогот Белград – Приштина, а особено во однос на придонесот на Македонија за постигнување на регионалната стабилност. Ескобар ова го изјави по маратонската 12-часовна средба меѓу Вучиќ и […]

Ковачевски ги пречека Курти и Вучиќ -Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ

март 18, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид ги пречека косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.  Ковачевски им посака добредојде и успешен разговор, што е важен чекор за консолидација на регионот и неговата европска интеграција. Тој ја потврди важноста која Република Северна Македонија ја придава на одржувањето на овој состанок на високо ниво. Ковачевски го […]

Лајчак: Без формирање на Заедница на српски општини ќе нема договор меѓу Белград и Приштина

март 14, 2023

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак изјави дека без формирање на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) нема да има договор меѓу Белград и Приштина. Лајчак во интервју за Радио телевизија Србија (РТС) рече дека целта не е некој да победи, а некој друг да загуби. „Целта […]

Пред состанокот во Охрид: Курти за европскиот предлог, за Брнабиќ ЕУ е стратешка цел за Србија

март 8, 2023

Пред состанокот меѓу Србија и Косово што ќе се одржи на 18 март во Охрид, највисоките официјални претставници излегоа со изјави во врска со очекувањата од овој важен настан. Косовскиот премиер Албин Курти денеска повтори дека е подготвен да го потпише европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јавува Радио-телевизија Косово. Курти […]

Страна 2 од 4