fbpx

Курти за „Гардијан“: Русија губи во Украина, но ги разгорува тензиите меѓу Србија и Косово

-

Косовскиот премиер Албин Курти предупреди дека од зголемените тензии меѓу Србија и Косово корист има само за Владимир Путин и Русија. Tој во разговор за весникот Гардијан предупредува дека Русија ги разгорува тензиите меѓу двете земји. Неговата изјава следи откако етничките Срби во северниот дел на Косово поставија блокади на некои патишта.

Курти посочува дека Русија ги разгорува тензиите меѓу неговата земја и Србија, поради војната во Украина, во која Русија не победува. Истовремено, властите во Белград го направија својот прв чекор во распоредувањето на војници во пограничниот регион со Косово.

Етничките Срби во Северно Косово, каде што се мнозинско население, имаат поставено барикади поставени повеќе од една недела, спречувајќи го слободното движење, и покрај повиците на САД и ЕУ за отстранување на нелегалните блокади на патиштата.

Голема група членови на „Народната патрола“, српска националистичка организација со врски со руската паравоена група „Вагнер“, исто така се собра во неделата на српската страна од српско-косовската граница, заканувајќи се дека ќе се спротивстават на НАТО силите во Косово.

Со растечкиот ризик од насилни судири, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го искористи своето право, според резолуцијата на ОН, да побара од НАТО дозвола да испрати 1.000 српски полицајци и армиски персонал во Косово, наведувајќи ја потребата од заштита на српската заедница во земјата.

Барањето на Србија во петокот, прво по завршувањето на војната во Косово во 1999 година, речиси сигурно ќе биде одбиено, но загриженоста е дека тоа би можело да биде првиот чекор кон еднострана одлука за распоредување во Косово.

Курти рече дека е загрижен оти напнатата ситуација може да ескалира во корист на Владимир Путин, бидејќи руските и српските сили спроведоа 104 заеднички воени вежби во 2021 година.

Косовскиот лидер додаде дека се согласил да им даде време на НАТО силите, познати како мисијата КФОР во Косово, да ги убедат за да се откажат од барикадите, но и предупреди дека не може да им се дозволи да останат уште долго.

Тој ги опиша барикадите како чекор кон поделба на земјата, која е независна од Србија од 2008 година.

Курти додаде дека ЕУ и САД се согласуваат дека барикадите треба да се отстранат, но  исто така се загрижени како ова може да биде искористено и злоупотребено од Белград.

„Мислам дека грижата на нашите западни партнери и пријатели се врските на Белград со Москва. Не знаеме како тие би можеле да бидат оперативни во случај на зголемување на тензиите, кон ескалација на северот“, изјави Курти.

Официјален Кремљ соопшти дека сака „ситуацијата да се реши преку дипломатски средства“, но дека тие „се залагаат да се гарантираат сите права на Србите“.

Судирот во Северно Косово, за време на кој маскирани вооружени лица користеа камиони, возила на брза помош и земјоделски машини за да ги блокираат патиштата, беше поттикнат од апсењето на поранешен полицаец од етничките Срби, осомничен дека е вмешан во неодамнешните напади врз косовската полиција.

Основната точка на тензијата останува одбивањето на Белград да ја признае независноста на Косово.

ЕУ се обидува да посредува во постигнување договор што би можел да доведе до нормализирање на односите, но Курти рече дека постојаното зацврстување на врските меѓу Белград и Москва се пречка за напредок.

Француско-германскиот предлог сугерираше замена како разумен компромис, и тоа Белград да не застане на патот на пристапувањето на Косово во ОН како земја-членка, додека Србија ќе добие финансиска поддршка од ЕУ и брз пат за членство во блокот.

На Косово му треба одобрение од Србија за да стане членка на ОН, бидејќи нивните сојузници Русија и Кина имаат право на вето во Советот за безбедност на ОН.

Планот на ЕУ, заснован на договор од 1972 година, кој помогна за нормализирање на односите меѓу Источна и Западна Германија, беше привремено поздравен од Вучиќ, но српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој има блиски врски со Кремљ, подоцна го објави неговото отфрлање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...