fbpx

Косовските супермаркети ги намалија цените од 250 денари за литар зејтин, полицијата пронајде сокриени 100 илјади литри

-

Полициските акции, иницирани од косовското Обвинителството, ги вразуми маркетите кои вчера литар сончогледово масло го продаваа по цена од 3,49 евра без разлика на производителот и тоа во ограничени количини од максимум четири шишиња.

„Цената на литар зејтин денес се движи од 2,19 до 2,99 евра“ за Мета.мк потврди адвокатот Арбер Јашари кој вчера на Фејсбук сподели пост во кој нашпиша „Криминалот се вика ЦЕНА“.

По полициската акција затворен е главниот магацин на Вива Фреш Стор каде се пронајдени 100 илјади литри зејтин. Информацијата ја потврди косовскиот премиер Албин Курти.

„Затворени се два магацини. По акција на пазарниот инспекторат и косовската полиција, Одделот за истраги на економски криминал, во два магацини (Фуш Косово – Косово Поле и Грачаница) е пронајден зејтин за кој недостасувала документација“ објави Курти на фејсбук.

Тој во постот нагласи дека 3,49 евра за шише масло е вештачко поскапување. “Не дозволуваме изнуда. Имаме зголемена контрола и надзор и ќе ги казниме оние кои манипулираат и профитираат во име на кризата“, додаде косовскиот премиер.

Инспекторите во Гњилане казниле и пекара со илјада евра, бидејќи тежината на лебот не одговарала на декларацијата, соопшти општина Гњилане.

Инспекторите од оваа косовска општина казниле и маркет заради манипулација со цената на шеќерот.

„Огласената цена на шеќерот во пакување од 5 килограми изнесуваше 4,09 евра, додека касиерот платил 4,19 евра. Поради ова неусогласеност, согласно законот за заштита на потрошувачите, инспекцијата му изрече глоба на продавачот“, се вели во соопштението.

Косовските власти повика граѓаните да пријават случаи кога ќе наидат на вакви прекршоци. Паниката во однос на поскапувањето на цената на зејтинот во Косово се прошири и во Северна Македонија преку објави на некредибилни медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...