Македонското еколошко друштво информира дека деновиве во малото Преспанско Езеро во Грција се пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани. Птиците, кои биле забележани од организациja од ПреспаНет Society for the Protection of Prespa (SPP) угинале од птичји грип H5N1.
Од МЕД соопштуваат дека ги информирале сите наши релевантни институции, по што вирусот бил потврден и кај одделен случај во нашата земја. Екологистите најавуваат дека ќе ја следат состојбата со ширењето на причјиот грип во земјава но и дека очекуваат дека можат да бидат забележани и нови случаи.
Од Македонското еколошко друштво апелираат до сите граѓани доколку забележат угинати птици да пријават во друштвото.