Секој од лидерите на Западен Балкан со свој став по заедничката вечера со шефот на европската дипломатија

-

По вчерашната заедничка вечера со шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел, секој од шесте лидери на земјите од Западен Балкан излезе со сопствен став. Премиерот Зоран Заев пред средбата со потпретседателот на Европската комисија Борел изјави дека Северна Македонија го очекува она што ѝ е ветено, а тоа е прифаќање на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите уште во мандатот на португалското претседателство со Унијата.

„Република Северна Македонија ги заврши сите свои обврски што произлегуваат од листата со критериуми за почеток на завршниот преговарачки процес за пристапување во членство во Европската Унија. Тоа Европската комисија го препозна и во нејзините извештаи за напредокот на земјата до Европскиот совет и до лидерите на земјите членки на ЕУ многу јасно стави до знаење дека земјата има безусловна препорака за почеток на преговорите“, нагласи претседателот на Владата Заев.

Заев дополни дека земјава е подготвена и има апсолутно добра волја за прашања од билатерален карактер да разговара со Бугарија во секое време, без тоа да влијае на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ. Сепак, тој додаде дека и претставниците на ЕУ знаат и разбираат дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик не се и никогаш нема да бидат за преговори.

Српската премиерка Ана Брнабиќ пак ја истакна важноста на дијалогот меѓу Белград и Приштина, нагласувајќи дека целокупната регионална стабилност зависи од преговарачкиот процес меѓу Србија и Косово.

„Секогаш е подобро да се разговара и се надевам дека првиот состанок ќе може да се закаже во текот на јуни“, изјави премиерката Брнабиќ.

Нејзиниот косовски колега Албин Курти по заедничката вечера во Брисел изјави дека побарал признавање на независноста на Косово од петте земји-членки на ЕУ кои досега не го направиле тоа.

„Го потврдивме нашиот интерес и подготвеност да се придвижиме кон ЕУ и истовремено разговаравме со пријателите и колегите овде во Брисел за тоа како да ни помогнат да ги спроведуваме реформите во нашите земји, а од друга страна да убедиме пет земји-членки да ја признаат независноста на Косово“, изјави косовскиот премиер Курти.

Тој додаде дека е потребна визната либерализација за косовските граѓани и истакна дека Косово е единствената земја во Европа чија што младина е изолирана.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ по средбата на шесте лидери од Западен Балкан со Борел изјави дека земјите од Западен Балкан се подалеку од ЕУ во споредба со 2014 година, дополнувајќи дека песимистичната оценка е генерирана од недоволната посветеност на двете страни во постигнувањето на заедничката цел, земјите од Западен Балкан да постанат членки на ЕУ.

„Легитимно е трети земји да го користат просторот кој им се остави празен, но не е добро тој простор да е недоволно пополнет. Тој простор мора да го пополни Европската Унија како геополитички субјект кој има примарна одговорност за стабилноста, демократскиот и економскиот просперитет на европскиот регион“, изјави Ѓукановиќ.

Во соопштението на Европската унија по заедничката вечера, се вели дека на средбата се разговарало за иднината на регионот и главните предизвици со кои се соочуваат овие земји. На состанокот покрај Жозеп Борел присуствувал и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Во отворена и искрена атмосфера, високиот претставник Борел и лидерите од Западен Балкан имаа заеднички стратешки осврт на начините за забрзување на реформите како би се исполниле очекувањата на граѓаните за интеграцијата во ЕУ, како и пристапите за зајакнување на позитивните конструктивни наративи во регионот“, се наведува во соопштението на ЕУ.

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат...