„Калзо“: Првата невистина на коалицијата ДС-ДЛК

Двете партии кои ја водат коалицијата за новата Влада на Косово, Движењето Самоопределување (ДС) и Демократската лига на Косово (ЛДК), во повеќе наврати изјавија дека бројот на министерства ќе биде 12. Вакви изјави имаа и лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти и пратениците на ЛДК, Лумир Абдиџик и Абдулах Хоти.

„Калзо“ (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) дознава дека во Договорот потпишан за владејачката коалиција, за кој треба да се гласа денеска, овие две партии се согласија следната Влада да има 15 министерства, пренесува „Вистиномер.мк“.

Според „Калзо“, со овој договор паѓаат во вода сите овие залагања за нова Влада со 12 министерства, па со оваа проверка е заклучено дека ваквите изјави на функционерите од двете партии се невистинити.