Фото: Официјална фејсбук-страница на Албин Курти

Собранието на Косово го изгласа лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово.

Курти пред косовските пратеници ги образложи неговите приоритети за време на неговиот мандат како што се развојот на економијата, борбата против невработеноста и пандемијата на ковид-19, развојот на човековите права, јакнење на безбедноста на државата, подигнување на квалитетот на образованието и за поголема социјална правда. За време на неговото обраќање, опозицијата го напушти Парламентот.

Кабинетот на Курти го сочинуваат 18 членови, од кои тројца вицепремиери.