fbpx
Таг: Агенција за вработување

таг: Агенција за вработување

(AНАЛИЗА) Најголем број невработени до 29 години има во Скопје, Тетово, Куманово и во Гостивар

Од вкупниот број на невработени лица во државата, по повеќе од 10.000 има само во три градови, Скопје, Тетово и Куманово, пишува Порталб.мк. Освен во овие три градови, „младинската“ невработеност е највидлива и во Гостивар и во Прилеп каде се регистрирани и најголем број на невработени лица до 29 години. Од вкупниот број невработени, 18,2 отсто се млади од 15...

Повик до невработените за практикантска работа во компании

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија, објави оглас за практикантство во компании. Агенцијата ги повикува работодавачите и евидентираните невработени лица да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ. Огласот е достапен на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx „Правото за учество...

Дебата: Какви вештини им се неопходни на младите за да бидат конкурентни на пазарот на труд?

Што им е неопходно на младите за да бидат конкурентни на пазарот, што прави државата на ова поле и какви податоци од терен носат невладините организации и граѓанскиот сектор, беа дел од прашањата што се најдоа во фокус на дебатата „Способностите на младите луѓе и потребите на пазарот: Какви вештини се неопходни?“ што се одржа во Europe House Скопје,...

„Втора шанса“ за завршување на средно стручно образование на невработените лица

Агенцијата за вработување ги повика сите невработени лица да го дооформат своето средно стручно образование преку новата пилот програма „Втора шанса“. Преку оваа програма, 200 граѓани од земјава ќе имаат можност да го завршат своето средно стручно образование и истата ќе се спроведе од средни стручни училишта за машинска, електротехничка, угостителска и градежна струка. „Врз основа на податоците со кои...

Порталб анализа: Се намалува бројот на невработени, ама се намалува и бројот на активно население

Само за три месеци бројот на работоспособното население во земјава е намален за 1.300 лица, а на активното население за повеќе од 2.000. Овие параметри се основа за пресметување на вработеноста и невработеноста, пишува Порталб.мк. Бројките на Агенцијата за вработување пак покажаа дека во октомври за прв пат годинава има пораст на бројот на невработени. Невработени -  44,2% се етнички Македонци,...

Најголем дел од невработените магистри и доктори на науки се од областа на правото

Во Агенцијата за вработување на РСМ, според последната евиденција за невработени лица, има 623 невработени магистри на науки, како и 19 невработени доктори на науки. Мета.мк веќе објави дека се забележува тренд на опаѓање на бројот на магистри и на доктори кои бараат работа. Побаравме одговори од одговорните во Агенцијата, што прават тие за да им помогнат на невработените...

Опаѓа бројот на магистри и доктори што бараат работа

Осумнаесет доктори на науки и 623 магистри на науки се евидентирани како невработени лица во октомврискиот последен извештај на Агенцијата за вработување. Ако се погледне евиденцијата по месеци, се забележува тренд на благо опаѓање на бројот на невработени лица кои се стекнале со академска титула. Така, во септмври без работа биле 19 доктори и 631 магистар, во август -...

Расте бројот на социјално ранливите лица меѓу невработените во земјава [инфографик]

Поминаа речиси две години од имплементирањето на проектот „Активација на ранливите групи на пазарот на трудот“, и оттогаш до денес, согласно податоците од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), изработени се 3.075 индивидуални планови за активација на граѓани. Проектот го спроведува Агенцијата за вработување во соработка со центрите за социјална работа и центрите за вработување во општините на...

Младите можат да го најдат патот до сопствен бизнис ако имаат идеја, цел и мотивација

Има шанси во државава за секој млад човек кој својата иднина ја гледа тука, наместо  надвор. Само треба да се биде упорен и да се употребат, како сопствените, така и  можностите и поддршката од институциите кои нудат разни програми со цел да се зголеми вработеноста кај младите луѓе, како и да им се помогне со отпочнување на свој бизнис.  Вака проценува Настасија Штерјова (27г.) која заедно со својата сестра, Михаела (24) пред неколку месеци стартуваа со свој бизнис, отворајќи приватна детска градинка „Малиот...

Невработеноста расте и покрај тоа што има слободни работни места

Бројот на невработени лица во јануари годинава изнесувал 158.681, што е зголемување за 2.249 лица во однос на претходниот месец кога бројот на невработени бил 156.432 лица, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Забележително е дека бројот на невработени расте и покрај тоа што според податоците на Државниот завод за статистика во земјава во последното тримесечје од минатата година се...

Бројот на невработени во 2020 година се зголемил за 52.000 лица

Бројот на невработени лица се зголемил за 52.023 лица во периодот јануари-декември 2020 година, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка се зголемила на 156.432 лица. Од Агенцијата нагласуваат дека со состојба на 31.12.2020 година евидентирани се 17.026 невработени лица за кои...

НМСМ покрена иницијатива да се дигитализира процесот за пријавување во Агенцијата за вработување

Со цел да се олесни процесот на евиденција на невработените лица, како и пристапот до правата во случај на невработеност, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) преку иницијатива предлага да се дигитализира постапката. „Потребно е прво да се додаде услугата „Евидентирање на невработено лице“ на порталот uslugi.gov.mk. Ова ќе им овозможи на невработените лица лесно да добијат пристап до информации...

Рекорд: Невработени се 33 доктори на науки и 866 магистри

Вкупно 33 доктори на науки се пријавени како невработени лица во Агенцијата за вработување, покажува последната статистика заклучно со месец октомври. Oва досега е најголемата бројка на невработени лица со оваа титула. Освен тоа, невработени се и 866 магистри на науки, како и безмалку 11.000 лица со завршено високо образование. Најбројни се лицата од профилот магистер по правни работи, магистер...

Агенција за вработување започна со обуките за претприемништво

Агенцијата за вработување денеска ги почна обуките за претприемништво кои се дел од програмата за самовработување, како дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Обуките за претприемништво ќе се одвиваат од денеска во шест центри за вработување, односно во Скопје, Тетово, Велес, Гостивар, Прилеп и Кочани. Селектираните...

АВРМ бара извинување од Ташевска-Ременски, во спротивно ќе ја тужи

Агенцијата за вработување на Република Македонија соопшти дека тврдењата што денеска ги изнесе министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, на прес-конференцијата, се лаги и клевети и побара извинување. Од Агенцијата велат дека ќе поднесат тужби за клевета и за навреда доколку Ташевска-Ременски не се извини. „Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска одржа прес-конференција за медиумите...

Спасов и Поповски да понесат одговорност за неодговорното однесување, порача Ременски

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска ги повика сите инволвирани во саботниот настан, дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, наместо да изнесуваат лаги и невистини пласирани преку соопштенија од Агенцијата за вработување на Република Македонија и да ја манипулираат јавноста, храбро да одговорат за секоја нивна...

АВРМ: Возилото што го возел Спасов e отстапено на Министерството за труд

Агенцијата за вработување (АВРМ) во врска со сообраќајката што пред два дена ја направи дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, соопшти дека во 2015 година АВРМ го отстапила возилото на Министерството за труд и социјална политика. „Во октомври 2015 година меѓу Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен договор со кој Агенцијата...

Форумот на слободоумни патриоти бара оставка од Диме Спасов

Форумот на слободоумни патриоти го повикa дополнителниот заменик-министер Диме Спасов да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата што ја врши. „По Вашето лудување во алкохолизирана состојба по скопските улици, во кое уништивте државен и приватен имот, ја злоупотребивте Вашата функција, сторивте неколку кривични дела, како и Вашето непочитување на овластен државен орган, во овој момент најмалку што може да направите е...

„Младите си отидоа, партијата се вработи“ порачаа демонстрантите

„Шарената револуција“ на денешниот протест насочен против „продавањето“ на работниците за минимални плати, ги обоија објектите на Агенцијата за вработување (АВРМ) и на Министерството за економија и порачаа „Младите си отидоа, партијата се вработи“ и „Книшка плата, клати врата“. Пред демонстрантите говореа неколку студенти и професорката од Економскиот факултет, Билјана Секуловска-Габер, кои преку лични примери ја раскажаа приказната за незадоволството од...

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...