Најголем дел од невработените магистри и доктори на науки се од областа на правото

-

Во Агенцијата за вработување на РСМ, според последната евиденција за невработени лица, има 623 невработени магистри на науки, како и 19 невработени доктори на науки. Мета.мк веќе објави дека се забележува тренд на опаѓање на бројот на магистри и на доктори кои бараат работа. Побаравме одговори од одговорните во Агенцијата, што прават тие за да им помогнат на невработените лица да најдат работа.

„Невработените лица се насочуваат да се вклучат во обуки за стекнување на дополнителни знаења и вештини, а работодавачите се мотивираат да организираат обуки во своите работни простори, со нивна опрема и технологија како би ги обучиле потенцијалните кандидати за вработување согласно своите потреби“, одговорија оттаму.

Во Агенцијата појаснуваат дека нивните активности се насочени кон поуспешно поврзување на понудата и побарувачката на работната сила, преку зголемување на капацитетите за вработување на невработените лица, со цел нивна успешна интеграција на пазарот на трудот.

Според областа во која магистрирале, од евидентираните невработени лица-магистри на наука, најбројни се магистрите во областа на правото, односно магистер на правни науки, магистер по право од областа -казнено право, магистер по право од областа на деловно право, магистер на правни науки-насока правосудство, магистер по правни науки-насока граѓанско право, магистер по право од областа на граѓанско материјално право и граѓанско процесно право, магистер по политички науки.

Исто така, во евиденцијата на невработени лица-магистри на наука, евидентирани се и невработени лица од профилот магистер по економски науки, магистер по маркетинг менаџмент, магистер по сметководство, финансии и ревизија, магистер по бизнис администрација, магистер инженер архитект, магистер по фармација, магистер по менаџмент на човечки ресурси, магистер по безбедносни науки и други.

Од невработените лица кои имаат титула доктор на наука, во евиденцијата на невработени лица евидентирани се тројца доктори на правни науки, тројца доктори по економски науки, а останатите се по едно невработено лице од профилот доктор по комуниколошки науки, доктор на науки од областа на безбедност, доктор на политички науки, доктор по информатички науки, доктор на науки од областа на менаџмент, доктор по педагогија, доктор по социјални работи и социјална политика, доктор по машинство.

Во декември 2018 година, беше евидентиран рекорден број на невработени лица со титули, односно без работа беа 33 доктори на науки, како и 866 магистрина науки.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...