Ракометарите на „Вардар“ пристигнаа на плоштадот Македонија, славењето почна
јуни 6, 2017
Десетици илјади граѓани денеска се собраа на плоштадот Македонија во Скопје, каде ги пречекаа европските шампиони во ракомет, ракометарите на „Вардар“. Час и половина ечеа навивачки и патриотски песни, а се вееја знамињата на ракометниот клуб „Вардар“, на Македонија и со сонцето на Вергина. Ракометарите пристигнаа во 13.45 часот со двокатен автобус во боите на клубот. […]