Фото: Sergey Zolkin on Unsplash

Осумнаесет доктори на науки и 623 магистри на науки се евидентирани како невработени лица во октомврискиот последен извештај на Агенцијата за вработување. Ако се погледне евиденцијата по месеци, се забележува тренд на благо опаѓање на бројот на невработени лица кои се стекнале со академска титула. Така, во септмври без работа биле 19 доктори и 631 магистар, во август – 21 доктор и 638 магистри, а во јули невработени биле 22 доктори на науки и 659 магистри на науки.

Меѓу невработение доктори на науки, најбројни се доктори по социјални работи, по педагогија, доктори по политички науки, по економски науки, доктори по филозофија.

Од магистрите, пак, најбројни се лицата од профилот магистер по економски работи, по правни работи, магистер по политички науки, по фармација, магистер по науки во јавната администрација, магистер по европски студии за интеграција и комуникација и други.

Во минатото чест беше трендот на пораст на бројот на невработени лица со титули. Во 2018 година, имавме рекордни 33 невработени доктори на науки и 866 магистри кои бараа работа.