fbpx

Ковачевски: Тутунот годишно ни носи 120 милиони евра

-

Тутунот е наша традиционална, како и извозно ориентирана земјоделска гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра. Околу 20.000 семејства егзистираат од оваа тутунопроизодството, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето од откупниот пункт за тутун во Тутунскиот комбинат во Прилеп. Тој кажа дека согласно податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, оваа година откупот на тутунот започнува со зголемена откупна цена над 30 отсто споредено со минатата година.

„Откупната цена за килограм тутун е 261 денари, за разлика од лани кога била 200 денари за килограм. Ова се историски највисоки откупни цени за тутунот во последните 10 години. Пораст има и кај бројот на склучени договори. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од минатата година кога биле склучени 27.712 договори“, рече премиерот.

Очекувањата се дека оваа година ќе се откупат околу 21.000 тони тутун.

Владата донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Беше усвоен и нов Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...