fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

Норвешка урива рекорди, лани 54,3 отсто од продадените автомобили биле електрични

Норвешка е првата земја во светот која што успеа во текот на една година да продаде повеќе електрични автомобили во споредба со возилата што сообраќаат на бензин, дизел и хибридни возила заедно. Лани дури 54,3 отсто од сите продадени автомобили во Норвешка биле на електричен погон на батерии, што претставува светски рекорд и претставува зголемување на уделот на електричните...

Државниот инспекторат за животна средина нареди кочански „Пејпер Мил“ да работи на плин

По мерењата на емисиите испуштени во воздухот од кочанската фабрика „Пејпер Мил“ на 30 декември 2020 година, Државниот инспекторат за животна средина повторно утврдил надминување на граничните вредности, информираат од овој инспекторат. Вчера фабриката „Пејпер Мил“ добила наредба да престане да го користи котелот на пелети и да премине на работа на плин. „Инсталацијата ќе работи на плин сè додека не...

Изгореа 100 хектари во Кочанско Поле, евакуирани жители, загрозени имоти

До еден час по полноќ ноќеска се гасеа пламнатите оризови полиња во Кочанско. Во еден момент огнот бил толку блиску до куќите во селото Грдовци, што жителите од една улица превентивно беа евакуирани, сведочат пожарникарите, кои без прекин ги гаснеа пожарите цели 23 часа. Десет противпожарни возила со пожарникари од Кочани, Виница и Штип, непрекинато гаснеа. Опожарени се над 100...

Ноќеска гореа оризовите полиња во Кочани

Запалени стрништа со ожнеани оризови ниви синоќа го осветлија влезот на Кочани. Нивите гореа и покрај тоа што дуваше силен ветер, со опасност лесно да излезе од контрола. Навиката да се палат стрништа пo завршувањето на сезоната не е заборавена и оваа година. Кочанчани реагираат дека чадот од запалените остатоци од оризовите насади само ја усложнуваат еколошката состојба и изразеното...

Наместо стимулирање на набавка нови возила и премин на плин на половните, државата презема спротивни мерки

Не постојат субвенции за граѓаните за набавка на електрични или хибридни возила во државниот буџет за 2021 година, средствата за субвенционирање за вградувањето на уреди за плин во старите возила се проектирани на само 210.000 евра за наредните 12 месеци, еколошките налепници за возилата не профункционираа ниту оваа зимска сезона, а не постои ниту рок кога би се вовеле...

Помалку NO2 и ПМ-2.5 честички се дишеле во Скопје во карантинот, потврдува истражувањето на ЦКП

Помалку азотен двооксид (NO2) и ПМ-2.5 честички сме дишеле во Скопје во периодот на карантин од 18 март до 26 мај во споредба со истиот период од 2019 година, покажува истражувањето за влијанието на сообраќајот врз загадувањето на воздухот во Скопје спроведено од експертскиот тим предводен проф. д-р Дејан Мираковски, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Центарот...

Скопје вечерва завиено во густа магла и високо ниво на загаденост (галерија)

Вo густа магла и со околу 155 мг на метар кубен ПМ10 честички главниот град Скопје го дочека Божик според Грегоријанскиот календар, или попознат како католички Божик. Улиците низ центарот на градот се главно празни со ретки минувачи кои се чини дека брзат да се вратат во своите домови. Атмосферата во строгиот центар повеќе наликува на сцена од некој...

Порталб: За разлика од општинскиот, државниот инспекторат за еден ден откри серија прекршоци во Тетово

Горење на маслото од што резултира со испуштање на канцерогени материи, неправилности во функционирањето на малите хидроцентрали што потенцијално ја загадуваат водата во Тетово, неправилно постапување со опасните отпадоци и неколку други неправилности ги евидентираше Државниот инспекторат за животна средина на РСМ во Тетово за само еден ден. За разлика од државниот, општинскиот инспекторат во Тетово, за една година,...

По скратена постапка, во Собрание помина законот за намалени давачки за регистрација на странски возила

Собранието на РСМ вчеравечер по скратена постапка го усвои Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички. Со овој закон, сите возила кои влегле во земјава до 1 октомври 2020 година со странски регистарски таблички, ќе може во рок од една година да се регистрираат со намалени давачки од 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои...

Есенва воздухот во Скопје е драстично позагаден отколку изминатата пролет, за време на полицискиот час [инфографик]

Аерозагадувањето во Скопје било далеку пониско изминатата пролет, кога на сила беше полицискиот час, во споредба со есенва. Рестрикциите на движењето, коишто го ограничија сообраќајот во Скопје, индустриското производство, па дури и палењето на огнови на отворено, доведоа до почист воздух во текот на март и април, наспроти месеците октомври и ноември 2020 година, покажуваат податоците за мерењето на...

Собранието го одби амандманот на О2 Иницијатива за поставување филтри на оџаците на јавните институции

Екологистите се незадоволни од распределбата на средства во Буџетот за 2021 година кои се наменети за животна средина и борба со аерозагадувањето. Еден од најголемите еколошки предизвици во земјава, високите концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 е нашата реалност и годинава. Планот за чист воздух донесен пред две години не даде доволно резулатати, а како последица на тоа...

Еколозите негодуваат, Владата вели намалените давачки за регистрација на возила нема да влијаат на аерозагадувањето

Бурни реакции од еколозите предизвика вчерашната владина седница, на која беше утврден текстот на Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици, со кој целта е да се регистрираат возилата со странски таблици со намалени давачки до 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи. Од...

О2 Иницијатива бара повеќе инспекции и казни за загадување на воздухот, но и одговорност за Планот за чист воздух

Итно да се засилат инспекторските и полициските контроли на терен, особено на познатите локации каде што се создаваат и палат диви депонии, но тие и да резултираат и со построги санкции, бараат од О2 Иницијативата. Тие викендот објавија фотографии и видеа од пожар во Визбегово, каде јасно се гледа дека црниот чад стигнува и до централните населби во Скопје....

За субвенции за вградување плин во возилата догодина би се одвоиле само 210.000 евра

Просечната старост на автомобилите во земјава постојано расте, бројот на увезени половни возила во континуитет се зголемува, а за влијанието на транспортот во аерозагадување во градовите често критикуваат еколошките здруженија и граѓанските иницијативи. И покрај сето ова, Министерството за економија за наредната година предвидува да одвои само 13 милиони денари (околу 210.000 евра) за субвенции за вградување на уред...

Казните за загадување на животната средина се зголемуваат до 20 пати

Се зголемуваат казните за загадување на животната средина. Владата на вчерашната 19-та седница усвои предлог-законско решение за измени во Законот за прекршоци со кое се зголемуваат глобите до 20 пати од сегашните, за прекршоци во областа на животната средина кои се предвидени во законите кои ја регулираат заштитата на природата, водата, воздухот, третманот на отпадот и други области од...

Воздухот во октомври бил загаден речиси исто колку лани, засега планот за чист воздух нема ефект

Новата мерна станица во Гевгелија, како и тие во Битола, Тетово и Куманово се единствените, од вкупно 19 мерни места кои ги мерат сите шест полутанти и даваат целосна слика за состојбата со загадувањето на воздухот во овие градови. Иако сезоната на аерозагадувањето зема залет, граѓаните сè уште секаде немаат точни и навремени податоци за загадувањето. Најризичните, честичките ПМ...

ВМРО-ДПМНЕ со протести против дивите депонии и загадувањето во Скопје (фото)

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје протестираше под мотото „Загадувањето убива кога власта е неспособна - Стоп за депониите“. Само дваесетина луѓе се собраа во скопската населба Злокуќани, на улицата „Скупи“ во Општина Карпош, за да го искажат својот револт за негрижата за загадениот воздух и дивите депонии од страна на власта. „ВМРО-ДПМНЕ апелира власта под итно да престане со...

Сезоната на аерозагадување пристигна, еколошките налепници на возилата не профункционираа

И по две години поминати од првичните најави, еколошките налепници на возилата во земјава не профункционираа. Од Министерството за економија за „Мета.мк“ потврдија дека црвените, жолти и зелени налепници кои требаше да ги класифицираат возилата според степенот на испуштање на издувни гасови во моментов не се функционални. Од ова министерство побаравме информација што се случува со донесувањето на подзаконските...

Во Тетово започна сезоната на загаден воздух, експертите алармираат дека тоа ќе влијае на пандемијата

Започнаа месеците кога жителите на општина Тетово дишат нечист воздух и тоа ќе се случува се додека не се зголемат температурите и кога загадувањето ќе се намали. Последните десет дена во Тетово, ПМ-10 честичките ја надминаа границата од 50 микрограми. Општина Тетово минатата година за Порталб.мк вети дека ќе ангажира повеќе инспектори за животна средина, сепак, ангажиран е само...

Увозот на половни возила опаднал за 42 отсто, Царината вели ќе се намали аерозагадувањето

Царинската управа на РСМ информира дека увозот на употребувани моторни возила во државата во првите 9 месеци е значително намален. Ако лани во овој период биле увезени над 26.000 половни патнички возила, во периодот на оваа година се увезени околу 11.000 возила, што претставува намалување од 42 отсто. „Падот на увозот на половни возила во најголем дел е резултат од...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...