fbpx

Изгореа 100 хектари во Кочанско Поле, евакуирани жители, загрозени имоти

-

До еден час по полноќ ноќеска се гасеа пламнатите оризови полиња во Кочанско. Во еден момент огнот бил толку блиску до куќите во селото Грдовци, што жителите од една улица превентивно беа евакуирани, сведочат пожарникарите, кои без прекин ги гаснеа пожарите цели 23 часа. Десет противпожарни возила со пожарникари од Кочани, Виница и Штип, непрекинато гаснеа.

Опожарени се над 100 хектари. Изгорени се лозја, дрвја, грмушки и сè наоколу што се нашло на пат на пламените јазици. Во еден момент огнот се приближи до бензинска пумпа. Покрај загрозувањето на човечки животи и материјална штета, црниот и густ чад од запалениот органски отпад на нивите го загадуваше и воздухот, а саѓите се разнесуваа на голема далечина. За среќа, човечки жртви нема, а пожарникарите успееја да ги зачуваат и домовите на луѓето. Ден по пожарот се гледаат само оцрнетите полиња, каде бил засаден ориз.

Првичната проценка е дека во дводневниот пожар изгоре една третина од Кочанско Поле.

„Во средата најзафатено беше полето околу селото Прибачево и огнот се приближи до селото. Не дозволивме да бидат зафатени куќите. Синоќа огнот се приближи до околу сто куќи во Грдовци. Патот кон селото беше блокиран два часа, со цел да се овозможи побрзо движење на екипите кои гаснеа. Загрозени беа и неколку капацитети во индустрискиот дел, поради што речиси два часа го обезбедуваме теренот. Пожарот е локализиран, а наши екипи го контролираат теренот“, изјави Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Пожарот изби по палењето на стрништата на одделни земјоделци, што потоа со помош на силниот ветер, кој непрекинато дуваше два дена, се претвори во огнена стихија. Вината се префрла кај неодговорните земјоделци, кои и покрај забраната, секоја сезона напролет и во есен ги палат ожнеаните ниви со ориз.

Вчера на терен излегоа и Инспекторатите.

„Државен инспектор за животна средина и инспектор за земјоделство ги лоцираа парцелите на кои гореа стрништа во Кочанско. На сопствениците ќе им биде изречена соодветна санкција. Казните за физичките лица кои палат стрништа се мали и несразмерни за штетите кои ги причинуваат. Потребна е и едукација за граѓаните и систем за собирање на отпад од нивите, како и посеопфатна контрола“, соопшти Државниот инспекторат за заштита на животната средина.

Драматичните два дена во Кочанско ги алармираа граѓаните, кои реагираа на загадувањето, трајното деградирање на животната средина и загадувањето на амбиенталниот воздух. Реакциите се дека и покрај бројните обуки за земјоделците, не престанува практиката на палење на стрништа од кои се прават ненадоместливи штети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...