fbpx

Во ковид центрите низ земјава сместени се 871 пациент, има слободни 450 болнички кревети

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 871 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите, информираше Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 540 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 26 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 73, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 46 пациент, во Кочани 18, во Кичево 8, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството за здравство велат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“ велат од ресорното министерство.

Во ковид центрите во главниот град пак, во изминатите 24 часа хоспитализрани се 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 331 лице сомнително и потврдено за ковид-19 се лекува на инфективните оддели во Скопје.

„Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 134 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ велат од министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Очната клиника и на ОРЛ. Во ковид центарот на Кожната клиника биле примени четворица болни и тројца се хоспитализирани на Клиниката за Неврологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 7 болни.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти, на Клиниката за очни болести 9 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 91 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...