fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

Увозот на половни возила не запира: ООН потврдува дека се значаен извор на аерозагадување [инфографик]

Првиот глобален Извештај за влијанието на половните возила врз животната средина „Половни возила и животната средина“ на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) дава загрижувачки податоци за извозот на автомобилскиот крш во неразвиените земји и земјите во развој, меѓу кои е и Северна Македонија. Дури 14 милиони половни возила биле извезени низ светот во периодот од 2015...

Заврши повикот за субвенции за инвертер клими во Скопје, пари за печки за пелети ќе има догодина

Заврши јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата во главниот град. Од отворањето на повикот биле поднесени 5.000 пријави, со што била исполнета квотата за субвенции, така што нови барања од граѓаните нема да се примаат. Овие субвенции се со цел да се заменат старите уреди за загревање со нови...

Амбициозниот План за чист воздух остави многу нереализирани обврски

Голем дел од мерките предвидени во двегодишниот План за чист воздух се далеку од реализација. Амбициозниот документ, кој предвидуваше намалување на аерозагадувањето до 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови се реализира веќе втора година по ред, но не во сите сегменти кои се планираа. Замената на старите грејни тела кои работат на...

Во Кавадарци и Кичево ќе се мерат ПМ-10 честички, набавени делови за расипаните мерни станици

Министерството за животна средина и просторно планирање набави нови автоматски семплери за мерење на суспендирани честички со ПM-10, ПM-2.5 и ПM-1 глави за семплирање за мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух. Семплерите се наменети за Кавадарци и Кичево, каде што мерните станици подолг период не покажуваат вредности на ПМ-10 честичките. Новите делови во...

Од Центарот за развој на Полошкиот регион најавуваат санација на депонијата Русино до крајот на годината

Со обезбедените средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања, до крајот на годинава ќе се преземат брзи мерки за подобрување на состојбата со гостиварската депонија Русино, информираат од Центарот за развој на Полошкиот регион. „Со брзите мерки е предвидено изградба на систем за управување со исцедок со кој преку мрежа на насипи и ровови ќе се оневозможи доток на...

По две години во „магла“, пред крај се набавките за нови инструменти за мерење ПМ-10 честички

Од 17 мерни места низ земјава, каде што Министерството за животна средина и просторно планирање ја контролира состојбата со квалитетот на воздухот, шест не мерат ПМ-10 честички. Од нив четири се расипани, во Гази Баба, Миладиновци, Битола и Струмица, а во две, Ѓорче Петров и Карпош, инструментите се исклучени, бидејќи не даваат точни резултати. На две места, во скопските...

Палење депонија е кривично дело, инспекциите почесто да се на терен и да казнуваат, бара министерот Нуредини

Општините да не дозволуваат да се создаваат диви депонии и да се палат огнови на отворено, а инспекциите повеќе да казнуваат, за да се подобрат состојбите со загадувањето на воздухот и на животната околина, апелира министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој денеска ги претстави приоритетите за својот нов мандат, а ги издвои аерозагадувањето, управувањето со отпадот, заштитата на...

Богоев бара полициска контрола за справување со палењето на депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“

Со механизација и вонредни дежурства на комунални редари, Општина Карпош ќе ја расчистува депонијата кај Спортскиот центар „Борис Трајковски”, која изминатава недела гореше во два наврати. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев информираше дека утринава се обратил и до СВР Скопје, од каде побарал зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот на викендот и претстојните денови. „Затоа...

Мобилната апликација Challenger ќе ги наградува своите корисници кои пешачат, трчаат и планинарат

Challenger е македонска мобилна апликација која има за цел да ја подигне свеста за аерозагадувањето, како и да учествува во намалување на истото, така што со нејзино користење ќе ги наградува своите корисници кои пешачат, трачаат и планинарат. Со Challenger, секој поминат зелен километар носи поени, кои потоа може да се заменат за попусти во локални бизниси. „Идејата е да...

И оваа грејна сезона БЕГ, а не Град Скопје, ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија

На прагот и на претстојнава грејна сезона, нема да се реализира најавеното преземање на топловодната мрежа од страна на Град Скопје од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“ (ДТБЕ), за што Градот чека судска разрешница. Сè уште остануваат низа правни лавиринти на релацијата меѓу Град Скопје, Регулаторната комисија за енергетика и Управниот суд, со што расте и неивесноста...

Меѓу експлозијата во Бејрут и хемикалиите од ОХИС нема споредба, тврди професорот Стафилов

Нема споредба меѓу несреќата во Бејрут, предизвикана од експлозија на несоодветно чувана хемикалија и потенцијалната опасност за Скопје од хемикалиите на ОХИС, тврди професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на ПМФ. Винил хлоридот, кој во ОХИС стои неколку децении во дотраена цистерна не е експлозивна, туку токсична хемикалија и опасноста од неа е голема, но не на начин...

Најмногу патуваме со автомобили, сè помалку користиме јавен превоз, автобуси и возови (инфографик)

Во изминативе три децении, навиките за патување на македонските граѓани значајно се промениле. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека автомобилот и такси превозот постанале главното средство за патување низ годините. Во 2018 година, 80,4 отсто од изминатите патнички километри во патниот превоз (9.452 милиони патнички километри) граѓаните ги поминале со своите автомобили или со такси. За разлика...

На нелегалната депонија во Тетово веќе четврти ден ноќе се фрла ѓубре и потоа се гори

Големи количини отпад вчера беа изгорени во близина на железничката станица во Тетово. Од страна на општинските власти ни беше кажано дека овој дел бил исчистен порано, но последните 3-4 дена повторно биле фрлени отпадоци. Од противпожарната единица на Тетово рекоа дека во текот на денот интервенирале два пати на тоа место и се сомневаат дека некој во текот...

За првпат по осум години, лани опаднал бројот на регистрирани автомобили во Скопје (инфографик)

По осум години континуирано зголемување на бројот на регистрирани автомобили во Скопје, лани за првпат забележано е намалување на патничките моторни возила со скопски регистарски таблички, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 2019 година во главниот град биле регистрирани 148.892 автомобили, односно за скромни 592 вакви возила помалку во споредба со претходната година. Забележано е и намалување на...

Ако не сакаме нови пандемии, мора да го намалиме загадувањето на околината

Пандемијата на ковид-19 и драстичната промена на некои животни навики уште еднаш не потсети дека „новото нормално“ во светот и кај нас ќе мора да се усогласи со потребите на природата и живиот свет околу нас. Особено имајќи во предвид дека воздухот е медиумот преку кои се пренесуваат вирусите, а загадениот воздух истражувањата го поврзуваат со поголема смртност од...

Просечната старост на автомобилите е 19,3 години, во првото полугодие увезени 8.000 половни коли (инфографик)

Наместо да се поднови, возниот парк со увозот на половни автомобили од странство во изминатиов период единствено остарува, односно се зголемува просечната старост на автомобилите во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила лани била 19,3 години, што е историски најлош резултат од достапните статистички податоци во периодот од 2003 година...

Новите екоавтобуси на ЈСП од денеска вклучени во скопскиот јавен превоз (галерија)

Новите екоавтобуси на гас на ЈСП-Скопје, произведени од германската компанија MAN, од денеска почнаа да сообраќаат на градските линии во Скопје. Градските власти информираат дека возачите коишто ги возат новите автобуси на линиите 2, 5, 15 и 57, имаат поминато стручна обука од сертифициран возач од Хрватска. „Новите автобуси се енергетско ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа...

Од денес субвенции за преку 5.000 домаќинства во Скопје за набавка на инвертери

Скопјани од денес ќе можат да аплицираат за добивање субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата. Град Скопје објави јавен повик за искористување на субвенции во износ до 1.000 евра во денарска противвредност за набавка на еколошки почист уред за затоплување. Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, субвенциите ќе се доделуваат до завршувањето...

Извештај на Бенквоч: РЕК Битола останува најголемиот загадувач на воздухот со сулфур диоксид на Балканот

Лани РЕК Битола испуштила во воздух вкупно 105.431 тони сулфур-диоксид, што е двојно повеќе од 2018 година кога емисиите изнесувале 52.823 тони. Овие податоци се соопштени во годишниот извештај на групацијата Бенквоч, најголемата мрежа на цивилни асоцијации за заштита на животната средина и човековите права во централна и источна Европа. Со ова трите блока во Kомбинатот станаа инсталација со...

Скопјани сè уште ги чекаат ваучерите за инвертори, Градот допрва ќе распишува оглас

Градот Скопје во текот на следната недела ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување високоефикасни инвертер клима уреди. Четири месеца откако Советот на Град Скопје донесе одлука со која парите добиени од Владата ќе бидат наменети за субвенционирање на набавка на инвертори како замена за нееколошки начини на загревање во домаќинствата во главниот град на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...